Зошто е важно децата да поминуваат повеќе време со бабите и дедовците
Истражувањата покажуваат дека децата кои поминуваат повеќе време со бабите и дедовците подобро го прифаќат стареењето и сфаќаат дека тоа е дел од реалноста. По врската со родителите, квалитетниот однос со бабата и дедото е една од најинтезивните емоционални врски.
Ги учат внуците за семејните врски
Бабите и дедовците ја негуваат семејната традиција зборувајќи за нивното детство, детството на нивните деца, раскажуваат за обичаите во нивното време. Бабите и дедовците имаат богато искуство, а мудрите зборови ќе имаат позитивен ефект врз децата кои може да пораснат во здрави, зрели личности кои го почитуваат семејството.
Родителите имаат најмногу доверба во бабите
Вистинско е богатството кога имате доверба во вашите родители кои ќе им пружат многу љубов на вашите деца. Чувањето и воспитувањето на децата секогаш е добредојдена помош на родителите, а зодоволството е обострано. Бабите и дедовците може да бидат пријатели, ментори за игра или историчари кога се дружат со внуците.
Одморот кај бабите и дедовците го намалува стравот од разделбата
Бабата и дедото се идеален избор за првата разделба на детето од родителите.
Позитивно однесување
Ако децата поголемиот дел од времето го поминуваат со бабата и дедото, ќе имаат помалку емоционални проблеми кои може да резултираат со лошо однесување.
Помагаат да се зачува менталното здравје на детето
Ако децата се најдат во нови ситуации, како што е разводот на родителите, па мораат да се навикнат на промените, бабата и дедото ќе им бидат најголема поддршка и ќе им дадат безусловна љубов.