, ,

ЗОШТО ИМ ВИКАМЕ НА ДЕЦАТА

Добивај вести на Viber

Секој родител понекогаш се наоѓа во ситуација да вика на своето дете, и тоа е нормален дел од родителството, но многу е важно да знаеме како тоа влијае на детето. Истражувањата покажале дека возрасните многу често викаат на децата отколку на возрасните личнисти, 90% од родителите барем повремено го повишуваат тонот на своето дете. Некои родители викањето како воспитна метода го користат свесно затоа што сметаат дека тоа не е штетно за развој на децата. Другите несвесно викаат кога им се обраќаат на своите деца, со што во суштина решаваат некои свои фрустрации. Ни едните ни другите најверојатно не сакаат да им викаат на децата, но тоа го прават затоа што во тој момент тоа им изгледа како правилно решение. Викањето ги збунува децата, тие не ја разбираат новонастанатата ситуација од повишени тонови. Викањето кај децата предизвикува одбранбен став, детето се чувствува беспомошно па инстинктивно бара излез кој неретко резултира со лажење. Викањето кај децата предизвикува страв и чувство на бескорисност. Родителството е најтешка и најодговорна работа, тоа е работа без работно време, без годишен одмор работа која не трпи неуспех. Но и родителите се само луѓе, луѓе кои и покрај тоа што треба да бидат родители за пример, животот им приредува и проблеми кои предизвикуваат напнатост и нервоза. Таа нервоза најчесто ја канализираат со викање на оние кои им се најважни. Треба да се потрудиме секогаш да бидеме свесни за своите чувства, со викање на личностите дека ги сакаме предизвикуваме уште поголемо чувство на вина и фрустрација на самите себе. Родителите кои постојано им викаат на своите деца, ќе направат децата да мислат дека тоа е нормално однесување и ќе го усвојат како такво. Наместо тоа родителите треба да бидат и да се контролираат, во основа, за децата да се однесуваат убаво, тоа мора прво да го направат родителите. За Женски МагазинРужица Митровиќ-Дипломиран педагог