Интервјуа // Интервјуа
Интервју ЕМИЛИ ексклузив дизајн: Насмевката на клиентите е мојата цел
Македонската креаторка чии креации се поубави од секој фустан од бајка
Да се пренесе раскошот на платно не го умее секој, а да се навезат деталите по мерка и како од бајка, и да ја претвориш секоја девојка со твој фустан во принцеза, се само показатели на вистински талент и максимална посветеност во својата работа.
Креациите на Емили се нешто што треба да се носат на секој црвен тепих почнувајќи од Скопје па се до Кан, Лондон, Париз, Њујорк како и во градот на гламурот Лос Анџелес.
Она што ме фасцинира во овие креации како еден моден блогер, и сепак љубител на високата мода, е тоа што Емили ги учи најдобрите модни лекции од светските дизајнери, и успева сето тоа да го вклопи во една своја модна приказна, модната приказна на Емили Ексклузив Дизајн, притоа оставајќи го својот потпис и личен стил низ создавањето на свои креации кои пленат со раскош и оригиналност во секој сошиен раб.
Оваа млада дама, ни доаѓа од Струмица, каде уште на само 14 годишна возраст нејзиниот талент се истакнува со самото дизајнирање на парчиња облеки за неа и за нејзините сестри, каде години подоцна со самото завршување на нејзините студии како и низата на посетени модни курсеви го остварува својот моден сон, и го основа своето модно ателје во родната Струмица.
Нејзините креации ќе ве воодушеват и ќе ве остават без здив, вистински модно шоу на високо ниво. Со нетрпение ќе ја очекувате вашата следна прилика да сошиете свечен фустан по ваша мерка, да го создадете вашиот венчален фустан како од вашиот детски сон под маестралната модна диригенција на Емили.
Нина Беадер денес зборуваше со Емили Ексклузив Дизајн за Женски Магазин .
Женски Магазин За вашите креации слушнав уште на моите 18 години низ штипските улици, кога матурантите итаа без да се размислат да закажат термин кај Емили во Струмица.
Раскажете ни за вашите почетоци, и детските модни соништа.
Емили Да, како што претходно напоменавме, уште на само 14 години изработував облека за мене и за моите сестри. Што значи дека од секогаш сум ја посакувала, ја сакам и ќе ја сакам најмногу работата што ја работам. Но, официјално и професионално мојот почеток можам да потврдам дека започна во 2001 година. Доста напорно, истовремено вонредно студирање, посетување курсеви за стручно усовршување и работење на работата што ја сакав најмногу. Така да можам да кажам дека тоа беше мојата најтешка фаза, мојот почеток. Фаза во која дарбата која ја поседував требаше правилно да ја искористам. Така полека но сигурно почнав да ја придобивам довербата на модерната жена. Почнав да спремам и готови креации, да ги презентирам…Интересот беше голем…
Женски Магазин Издвојувате од модната сцена, но она што ми се допаѓа кај Вас е вашата суптилност во секоја смисла на зборот. Ретко може да се најдете во пишаните медиуми, а сепак тивко диктирате мода. Како би го дефинирале стилот на Емили Ексклузив Дизајн и кон што највеќе се фокусирате при создавање на модно парче?
Емили- Совршената рамнотежа на уметност и мода, за Вас го создаде сонот потпишан од ЕМИЛИ ексклузив дизајн.
Женски Магазин- Високата мода е она по што сте препознатливи, од каде ја црпите првичната инспирација?
Емили -Секогаш главна инспирација во создавањето на еден модел ми се гламурозниот, луксузен но сепак и секси изглед, како основен концепт на мојот поглед кон модата. Преку моите колекции се истакнува и мојот личен стил, односно преку создавањето една колекција ги задоволувам моите скриени страсти. Создавам посвечени модели сто жената може да ги носи кога таа е во центарот на вниманието, кога таа сака да се чувствува секси и самоуверена, да блеска во целиот свој сјај и да се издвои од другите.
Женски Магазин Да се биде на македонскиот моден пазар е арена каде некој губи а некој добива. Што е успех за вас и колку клиентите Ви помогнаа во дефинирањето како бренд во една целина?
Емили-Најголем успех за мене или најубавиот дел од целиот процес на креирање на една креација е последната проба т.е. кога ќе ја видам насмевката на лицето на клиентот. Изразот на жената кога е таа задоволна, срекна и се чувствува самоуверена, кога е облечена во ЕМИЛИ… Тогаш ТАА е најголемата реклама за Нас…
Женски Магазин Кои материјали се најчесто застапени во вашите креации?
Емили – Секогаш во креациите користиме високо квалитетни материјали, кои ги набавуваме од различни места како што свилата ја набавуваме од HONG KONG, многу неодоливи чипки со уникатни дезени, како и неизбежните Swarovski кристали, разни видови на природни пердуви, бисери, школки и уште многу други такви додатоци што рачно се додаваат и ја збогатуваат секоја креација која го носи потписот на ЕМИЛИ ексклузив дизајн.
Женски Магазин Струмица како епицентар за вашите модни случувања. Дали вашите креации можат да се најдат и надвор од Македонија?
Емили- Работиме овде, но имаме и многу клиенти како невести од секаде, на пример од Австралија, Италија, Швајцарија, Бугарија, Германија, Грција и уште многу други. Веќе се изработуваат венчаниците за во август 2018-та година. Покрај матурантите од Македонија, голема побарувачка имаме и од матурантите од Бугарија, така да нашата следна мета ни е Софија. Како невестинските фустани за 2018-та година, веќе се во изработка и свечените фустани за матурските прослави за мај 2018-та година.
Женски Магазин Кога би имала можност повторно да бираш со што ке се занимаваш во животот, што би било тоа. Која беше твојата желба?
Емили Не можам ни да си го замислам животот а да не го работам тоа. За мене модата е мојот живот, тоа е нешто што би можела да го работам по цел ден па дури и кога спијам. А кога станува збор за мојата втора желба, тоа е пак поврзано со уметноста. Тоа е сликањето, создавањето на уметнички дела. И таа моја желба можам да кажам дека се остварува. Прво изработив колекција со уникатни, апстрактни и рачно исцртани фустани со бои и збогатени со драгоцени кристали. Потоа длабоко навлегов во светот на уметноста па така станав зависна и од изработување на уметнички слики.
Женски Магазин -Венчаниците ги создавате подобро и од бајка на Дизни, што дури и си ветив на себе дека при бирањето на личен невестински фустан, Емили Ексклузив Дизајн е местото каде со задоволство ќе навратам за консулатиции и можна соработка. Што ве научија секојдневните свадбени приказни и идни невести во однос на bridal модата?
Емили-Венчаниците се мојата Ахилова пета, мојата слабост, нешто во што целосно се препуштам. Задоволството е можам да кажам огромно кога создаваме совршена венчаница од висококвалитетен тул, многу тантела, мониста и секогаш неверојатните рачно поставени детали. Сосема незабележително, без ниту минимална доза на вулгарност. Што се однесува до палетата на бои користиме обично бисерно бела кај некои од венчаниците, но создаваме и вистинска уметност од тантела во крем боја кај оние пософистицираните. Секогаш во делот за консултации даваме и совети за целосниот изглед на една невеста. Како треба да се истакне нејзината убавина со користење на минимална природна шминка и едноставна фризура. Едноставно секогаш ја величаме женственоста, иста кнувајќи ја убавата силуета на жената, правејќи ги своите креации од бајките.
Женски Магазин Кој стои зад тимот на Емили Ексклузив Дизајн?
Емили-професијата со која сум одлучила да се занимавам е доста напорна, секој работен ден ми е различен и посебен на свој начин. Имам многу обврски за да биде се комплетно, а за тоа е потребен многу добро одбран, посветен и одговорен тим. Уште од самиот мој почеток со работа, за делот околу менаџирањето, се грижи мојот сопруг па така е до ден денес. Тој е секогаш со мене кога ми е потребен. А како мој бизнис партнер уште во 2013ми се придружи мојата сестра Благица, со која сме премногу слични во стилот и на тој начин совршено се надополнуваме во завршувањето на поставената задача. Но секако ништо од тоа нема се оствари доколку го немаме вистинскиот тим. Девојките што тие наши тешки и комплицирани рачни изработки не ги изработат. Дека едно знам, за оваа работа треба многу време, посветеност и огромно трпение. И од неодамна имаме уште еден новитет во ЕМИЛИ ексклузив дизајн, а тоа е услугата професионална шминка, MAKE UP by STEFANI.
Женски Магазин Што би им препорачале односно советувале на нашите драги дами кога избираат фустан свечена пригода како и за модата главно?
Емили-Секоја девојка за својот посебен настан посакува да биде најубава. Но секоја од нив е посебна на свој начин, секоја има различни желби и идеи.
Нашиот дел од работата е да им понудиме варијанти што одговараат на нејзината личност и нејзиното тело. Секако дека понекогаш се користат и некои трендовски детали во изработката на една креација, но најчесто преферираме изработка на нешто безвременско, уметничко дело (креација) што засекогаш ќе биде убава и неодолива. Едноставно тие имаат доверба и се спокојни додека трае изработката на нивните креации.
За Женски Магазин, Нина Беадер
Fb strana : https://www.facebo ok.com/BeaderHristina/
Web Strana : https://ninabeader.wixsite.c om/styleinmotion