ИНТЕРВЈУ – ПЕЦЕ ОД „СУПЕРХИКС“: Музиката ме излечи по смртта на брат ми

Добивај вести на Viber

Брат ми беше најголемиот мој херој и борец кој за жал за загуби битката со ракот, но свесен беше што остави зад себе и тоа мислам дека го водеше храбро до крајот. Остави стотици сликарски дела, цртежи, портрети, графики кои ги изработи и со кои наскоро спремам една голема изложба од хуманитарен карактер Како банда инструментале постојат од 1993 година, свиреле повеќе од 200 концерти во околу 30 држави, имаат седум албуми зад себе, а најгорди се на последното винил издание. „Суперхикс“ на 15 декември ќе одржат концерт во малата сала во ВИП Арената во состав: Петар Младеновски, бас и вокал, Борис Минов - гитара, Дарко Попов-тапани, Александар Спасовски - труба, Симе Златков - саксофон, Бране Илиевски - тромбон и диџејот Гоце Лалковски. Со фронтменот на бендот Петар Младеновски-Пеце, разговаравме за анегдотите од патувањата на „Хикси“, за носталгијата по старите маалски дружби, и за семејството. Пеце по долго време прозборе и за неговиот брат, уметникот Димитар Младеновски, кој почина од рак пред десет години, и за тоа како се како се лекувал по големата загуба. [caption id="attachment_5909" align="aligncenter" width="699"] По концерт во Швајцарија, патувавме 15 часа на фестивал во Прага. Слеговме поспани од комбето, и не чека промоторот кој ни вели: „Момци, грешка, концертот беше вчера!“. - „Суперхикс“[/caption] Женски Магазин - Најтазе од Суперхикс“ е плочата Underground Evergreens“, која претходно е издадена како цеде. Како се одлучивте токму за плоча, и што мислите има ли доволно грамофонска публика кај нас што ќе ја слуша? Пеце - Ако зборуваме реално, денес се освен винилот кој се враќа на голема врата како формат е out of date. Македонија има доволно грамофонска публика која е расположена да плати и купи винил попрво отколку да купи ЦД. Овој албум може да се набави на ЦД и плоча благодарение на „Југотон Рекордс“ и секако на сите онлајн продажни платформи благодарение на „ДМА мјузик“. Инаку, ако зборуваме најреално што се случува со преслушувања на албуми и на кој формат најчесто и во последно време, тоа се прави на Јутјуб. Женски Магазин - Слушаш ли ти лично плочи, која е првата која си ја купил или добил, и какви спомени ти буди? Пеце - Ух, па како не сакам!? Ништо не може да ја замени таа магија и оној крцкав звук и она пуцкетање“ на плочата кога ќе ја ставиш на грамофонот. А што се однесува до првата плоча која лично јас сум ја купил, мислам дека тоа беше една ска компилација на Брит ска бендови а инаку од мал растев со синглиците“ на татко ми: Битлс, Стоунс, ХолисЕнималс и плочите на мојот покоен брат: Дјуран Дјуран, РАН ДМЦАлфавил, Фил Колинс, КлешАзраЈазу, Били Ајдол. Женски Магазин - Освен плочите, што тебе лично ти фали во домашната и во светската музичка сцена? По што те фаќа носталгија? Пеце - Жед“ за музика фали луѓе. Не постои веќе, ја нема. Барем не онака како што ја имаше во 80-тите 90-тите. Лично моја перцепција е дека е се толку масовно и достапно денес (благодарение на интернетот) што веќе помладите баш и не се посебно заинтересирани за ниеден артист, а низ музиката и оние илјадници песни поминуваат по еднаш и тука веројатно завршуваат со преслушување на материјалот“. Па ние една касета или плоча кога ќе добиевме или купевме ја вртевме“ со месеци. Тоа го нема повеќе. Тие навики некако исчезнаа благодарение на технолошката револуција. [caption id="attachment_5907" align="aligncenter" width="653"] Маша е фокусирана на креативен балет, Никола со амбиции да стане пијанист или ракометар и креативец во повеќе области. - Пеце со сопругата Ели и со децата[/caption] Женски Магазин - Воопшто, што му фали на нашето живеење, нешто што сме го имале порано и сме го загубиле? Пеце - Многу работи. Пред сѐ дружењето. Не изеде“ некако овој новокомпониран капитализам и вечна транзиција. Се некако немаме време. Се нешто сме зафатени. Не постојат повеќе ни викенди, ни безгрижни лета, ни циклуси за опуштање. Ни недостасува повеќе време за нас, за насмевки, за фамилијарни и маалски дружби. Многу се оддалечивме едни од другите, и се подалеку сме со секој нов ден. За жал. Женски Магазин - Да се вратиме на сегашноста. 15 декември е денот кога „Суперхикс“ го закажа својот концерт во малата сала во ВИП Арената во Скопје. Што ќе ни понудите, и што означувате и порачувате со насловот на концертот „Рампарамизирање со хероите на многу генерации“? Пеце - Насловот дојде како што доаѓале и десетици други во нашиот случај, сосема спонтано и на шега. А, кога порачуваме ИЗРАМПАРАРАМИЗИРАЈ СЕ со Суперхикс“, порачуваме да се опуштите тој ден и се препуштите на таа луда забава и шоу кое го подготвуваме за таа вечер. Вечер со многу гости, специјално визуелно шоу, реквизити за забава, пиво и што се не. Женски Магазин - Зошто концерт во малата сала, а не во големата? Пеце - Затоа што пресековме со момците од „САН продукција“ да се случи на 15 декември од причина што премногу чекавме некои други промотори да дојдат со план за реализација на концертна промоција на евергрините, а тоа не се случи. Веќе две години цели не сме свиреле во Скопје, па едноставно пресековме тоа да биде во помала сала со ограничен број на билети. За концерт во поголема сала едноставно немаше ниту време за кампања ниту пак и имаме некој избор за простор за одржување на таков концерт од поголем формат во услови кога главниот ни град ја губи Универзална и Скопскиот Саем. Ова беше некако најдобро решение. [caption id="attachment_5908" align="aligncenter" width="653"] Со Ели сме 12 години заедно. А што би држело двајца во заедница ако не љубовта?. - Пеце со сопругата, актерката и музичар Елизабета Клинчаревска-Младеновска[/caption] Женски Магазин - Колку концерти одржа „Суперхикс“ во Скопје до сега, и можете ли да издвоите еден најдраг и најемотивен? Пеце - Баш како соло концерти само на „Суперхикс“, би издвоил три! Едниот во 2004 на Скопски саем, хала број 5, оној во „Колосеум“ во 2011, и секако најдрагиот и најмасовно посетениот во 2012 година во „Метрополис Арената!“ Овој последниов беше сам по себе посебен затоа што имаше повеќе од 5000 луѓе кои не поддржаа во тој проект. Женски Магазин - Знаете ли бројка, колку концерти сте имале до сега и во колку држави сте свиреле? Пеце - Ух, а кој би знаел тоа? Поминуваат години и искрен да бидам и мене (којшто важам за единствениот во бендот кој се сеќава речиси на се) ми се случува да почне некој да ми зборува за некоја случка или концерт некаде и детали на кои повеќе и не се сеќавам, хахаха. Сигурно се преку 200 и најмалку 20 - 30 земји низ Европа. Женски Магазин - Има ли анегдота од некое патување што не ја знае јавноста а сакаш да ја споделиш со нас? Пеце - Хахаха! Од каде да почнам? Па јас еднаш крајно сериозно споменав дека тука има материјал за два тома! Еве ви само една од илјадниците: Завршуваме со концерт во Луслиген, Швајцарија, влегуваме веднаш во комбе и патуваме цели 15 часа до Прага каде што имаме за дента букиран настап на еден фестивал. Слегувавме мртви уморни и поспани од комбето и пред комбето не чека промоторот кој ни вели: Момци, морам нешто да ви кажам. Се работи за моја грешка, концертот беше вчера!“ Женски Магазин - Спомнавме херои на многу генерации. Дали твојот покоен брат беше еден од твоите херои? Пеце-Секако. Најголемиот мој херој и борец кој за жал за загуби битката со ракот, но свесен беше што остави зад себе и тоа мислам дека го водеше храбро до крајот. Остави стотици сликарски дела, цртежи, портрети, графики кои ги изработи и со кои наскоро спремам една голема изложба од хуманитарен карактер. Се гледаме на негова изложба многу наскоро! Женски Магазин - Колку време помина откако почина, и по што најмногу ќе го паметиш? Пеце - Оваа година одбележавме 10 години од неговата смрт. Веројатно првите години по смртта немавме ни сили ни волја да зборуваме за тоа што се случи и како понатаму? Но од оваа дистанца едно нешто е јасно и со едно нешто барем јас лично се помирив а тоа е дека сите нас не очекува тој момент порано или подоцна, и е работа на судбината и некакви вселенски математики. Ќе го паметам по секој момент што заедно сме го проживеале. Од летувањата во Грција секое лето како деца, тепачките и караниците којшто и колку изел или колку сок испил и зошто некој помалку некој повеќе. По сите негови плочи и касети кои ми ги пуштал, по неговите забави дома кај нас во Капиштец, по тоа како со часови знаеше да се затвори и да слика. Па, јас цели дијалози или моменти кои сме ги имале заедно и денес си ги премотувам во главата. Така е сè уште со мене. Женски Магазин - Како се справи со таа загуба, и што најмногу ти помогна во најтешките и најтажни моменти? Пеце - Најискрено, мене во животот (покрај поддршката од блиските секако) најмногу ме лекувала музиката. Никакви доктори никакви лекарства. Музиката е чиста терапија. Ден по смртта на брат ми јас имав настап и колку и да ми беше тешко морам да признаам дека токму тие настапи и патувања и дружби со луѓе најмногу ми помогнале да преминам преку овие ситуации. Женски Магазин - Твојата сопруга Ели е актерка и музичар. Колку е предност а колку мана што и двајцата имате слична, јавна професија? Пеце - А што е тоа јавна професија“ во Македонија? Хахаха, не сме под некој преголем притисок ниту нешто посебно презафатени. Има моменти кога сме повеќе ангажирани има моменти кога сме помалку, но далеку од она работно време на некој во канцеларија од 9 до 5 и нивните чести службени отсуства. Така што, ако мене ме прашувате апсолутно сме само во предност и знаеме така фино да се организираме и си поминуваме фино и ништо не ни фали. [caption id="attachment_5905" align="aligncenter" width="640"] Кога порачуваме „ИЗРАМПАРАРАМИЗИРАЈ СЕ со Суперхикс“, порачуваме да се опуштите тој ден и и се препуштите на таа луда забава и шоу[/caption] Женски Магазин - Елизабета е позната и како Eli Rasta girl. Со оглед на тоа дека таа го сака Боб Марли и реге музиката, дали таа љубов ја пренесе и на децата, и дали и ти имаш музичко влијание врз нив? Пеце - Јас на моите деца сум им само презентер на разноразни стилови и артисти. И немам намера да притискам“ да слушаат ова или она. Можеби ќе ви звучи чудно, но моите деца не знаат ни половина од опусот на Суперхикс. Ако ги интересира самите ќе побараат и преслушаат. По дома секако се слуша и реге и ска и панк но и Ријана и „Златно славејче“. Маша е повеќе по детските песнички и новите поп хитови а Никола е страшно заразен“ со „Леб и сол“ и многу ми е драго за тоа. Женски Магазин - Колку години имаат Маша и Никола, какви деца се, за што се талентирани? Пеце - Маша има, Никола 9. Маша е пргава, бељаџијаинтелигентна, ѕверка. Никола е мирен, често будно сонува, добро му одат природни науки, не баш математика. Маша е фокусирана на креативен балет, Никола со амбиции да стане пијанист или ракометар и креативец во повеќе области. Женски Магазин - Колку време сте заедно со Ели, и што мислиш која е главната причина што ве одржува заедно? Пеце - Веќе 12. година. Па, веројатно љубовта не одржува. Не ми се допаѓа овој збор. Можеш да одржуваш некаков апарат од бела техника а не битија. А што би држело двајца во заедница ако не тоа. Се друго е само залажување и фол“. Женски Магазин - Што те прави најсреќен кога не свириш и кога не работиш? Пеце - Моментите со семејството секако. Ме исполнува секако фудбалот. Се трудам да играм и страшен обожавател сум на сѐ што се однесува на фудбалот. Женски Магазин - За крај, за која луда глава или за кои луди глави се пее во песната „Луда главо“? Пеце - За сите оние кои се притиснати од секојдневните проблеми, долгови, тешки моменти кои ги носи животот, а заборавиле дека на истите треба да им се насмевнат и продолжат така насмеано и храбро понатаму во животот. Нешто што го порачавме и пред 16 години во Оптими-Ска. За Женски  Магазин, Милица Џаровска