Интервјуа // Интервјуа
ИНТЕРВЈУ СО ЏИПСИ КИНГС ПРЕД КОНЦЕРТОТ ВEЧЕР ВО СКОПЈЕ: Силата на музиката е иста како во „Војна на ѕвездите“
Да, имаме повеќе женска публика. Не знам зошто, можеби зашто сме по малку секси, хахаха. Во секој случај младите луѓе: Микаел, Мигел се секси
Формирани се како шесточлен состав, во 1976 година, кога музичарите од две француски ромски семејства се здружија. Николас и Андре Рејес, синови на Хозе Рејес, познатиот пејач на фламенко Манитас де Плата, чие вистинско име е Рикардо Баилардо. Музиката на светски популарните „Џипси Кингс“ потоа се пренесувала од колено на колено. Рикардо Баилардо влијаел прво на своите синови Тонино, Жак, Пако и Морис кои се оригиналните членови на групата. Пред шест години постојан член станува и Микаел, синот на Тонино и внук на Рикардо, кој сега е уметнички директор на „Џипси Кингс“. Страста на фламенко ритамот, и хитовите како „Bamboleo“, „Djobi Djoba“ , „Bem, Bem Maria“ Микаел и чичко му Пако во петок ќе ни ја донесат на концерт во Скопје, во ВИП Арената од 20 часот. Концертот го организира „Авалон“ продукција како дел од проектот „All You Nead is Love“. За љубовта кон својата музика, за Женски Магазин зборуваа Пако и Микаел.
[caption id="attachment_10113" align="aligncenter" width="659"] Нашата музика ги преминува временските бариери бидејќи таа е вистинита и искрена, без разлика дали е електронска или не. - „Џипси Кингс“[/caption]
Женски Магазин - Дали е ова прв пат во Скопје и дали знаете нешто за нашата традиционална музика?
Џипси Кингс-Да, ова ќе биде наш прв пат во Скопје, и не можам да дочекам да започнам да откривам вашата култура и вашата музика.
Женски Магазин - Дали се сеќавате на моментот од вашето детство кога за прв пат слушнавте музика и ритам на фламенко?
Пако - Да, паметам дека бевме деца и целото семејство се собра околу огнот. Тогаш мојот татко рече „Наполеон Бајлардо“, и така не заинтересира да ја откриеме гитарата. Така собрани околу огнот ни раскажуваше приказни.
[caption id="attachment_10115" align="aligncenter" width="658"] Семејството не советуваше да бидеме трпеливи, бидејќи музиката и, пред сè, приказна за трпеливоста и талентот е во нас. - „Џипси Кингс“[/caption]
Женски Магазин - Кој е највредниот совет што го добивте од вашето семејство, основачите на Џипси Кингс?
Џипси Кингс - Највредниот совет беше да бидеме трпеливи, бидејќи музиката и, пред сè, приказна за трпеливоста и талентот е во нас. Само да го најдеме начин и сила за да го совладаме, исто како во „Војна на ѕвездите“.
Женски Магазин - Како вашата музика успева да ги сруши сите временски бариери, да биде актуелна и покрај денешната експанзија на електронската музика?
Џипси Кингс - Нашата музика ги преминува временските бариери бидејќи таа е вистинита и искрена, без разлика дали е електронска или не. Музиката го претекува времето кога доаѓа од срцето.
Женски Магазин - Што е најважното нешто во циганската традиционална музика, стихови, ритам, мелодија?
Џипси Кингс - Најважното, тоа е целината. Сè е важно во музиката: ритмите, стиховите, толкувањето.
Женски Магазин - Во кој дел од светот мислите дека луѓето најмногу ве препознаваат?
Џипси Кингс - Од САД до Јапонија тоа е исто, секаде каде што луѓето нè сакаат во сите земји. Ова е извонредна шанса да не слушнат и во вашата земја.
[caption id="attachment_10117" align="aligncenter" width="659"] Паметам дека бевме деца и целото семејство се собра околу огнот. Тогаш мојот татко рече не заинтересира да ја откриеме гитарата. Така собрани околу огнот ни раскажуваше приказни. - Пако Баилардо[/caption]
Женски Магазин - Дали го споделувате моето мислење дека имате повеќе женска од машка публика, и зошто жените толку ги сакаат Џипси Кингс?
Џипси Кингс - Да, имаме повеќе женска публика. Не знам зошто, можеби зашто ме по малку секси, хахаха. Во секој случај младите луѓе: Микаел, Мигел се секси!
Женски Магазин Кажете ми повеќе за вас приватно, што друго ве прави среќни освен музика?
Пако: На прво место ми е семејството. Многу ја сакам природата и најмногу се опуштам кога ќе се најдам сам на планина и ги следам дивите свињи.
Микаел: Иако не ги гледам често, најважното нешто ми е моето семејство. А нешто што најмногу ме одмара е риболовот.
За Женски Магазин, Милица Џаровска