Овој интересен додаток, кој многу му прилега на зимската облека многу лесно можете да го направите дома. Во само неколку потези ќе имате готово пом-пом топче или пак цела низа од пом - пом топчиња. Сè што ви е потребно е волна и ножици.
Земете ја волната и почнете да ја намотувате околу прстите или пак можете да искористите некој рамен предмет. Колку повеќе волна на
За да направите низа од пом - пом топчиња потребно е да намотате волна во поголема должина, односно во должина која вам ви е потребна. Можете и да искористите еден конец во различна боја во должина на низата. Тој конец може да го користите за на нив да висат топчињата, а доколку сакате во иста боја да е исечете го тој конец малку подолг. Потоа земете неколку мали парчиња конец и врзете на повеќе места. Со помали ножички засечете по средината на топчињата, но внимателно да не го исечете само средниот конец.
За крај ви останува најтешкиот дел, да ги израмните влакненцата на топчињата за да добиете убаво мазно топче. Мекоста на топчињата зависи од волната која ќе ја изберете. Овие топчиња можете да ги ставите како детаљ на вашата облека, на вашите зимски капчиња, шалови, чевли, но исто така можете да изработите интересни украси.