Луизa Хеј: Не заборавајте да го направите ова пред да влезете во Новата Година!

Добивај вести на Viber

Да и посакаме добредојде на следната година, да ја исполниме со љубов и радост, со сознание да ни се враќа дупло она што го даваме. Поставете си ги овие прашања при влезот во Новата година: -Што ќе исфрлам сега од својот живот? -Што или кој повеќе не ми одговара? -Што не сакам да отфрлам, а не ми се чини добро? -Кои мисли или верувања му припаѓаат на старото мени? -На кој начин бев лоша кон себе? -Што ми прави добро? -Дали сум подготвена да го отфрлам? -Што е прекрасно и убаво во мојот живот? -На кој начин се грижам за себе? -На кое подрачје сум најзадоволна? -Што сакам во својот живот? -Каква сакам да бидам оваа есен и зима? -Кој сакам да го донесам во мојот свет?   -Како сакам да изгледам? -Каков имиџ сакам да изградам? -Колку здрава сакам да бидам? -Во каков свет сакам да живеам? -Кон каде сакам да го насочам својот духовен живот? -Колку љубов сум подготвена да доживеам? -Спознајте го целиот свој позитвен раст и промена. Потоа афирмирајте: -Не сум ограничена со статистики, медицински мислења, време или тело -Јас сум единствено со бесконечна мудрост и можности на самиот универзум -Се добро е достапно за мене, токму овде и токму сега. -Се што морам да направам е да ја искористам моќта на моите мисли како би го создала она што го сакам -Ова засега беше добра година и многу од тоа научив -Ги благословувам со љубов сите искуства кои ги доживеав и се веселам на сите благослови кои доаѓаат