, ,

„Македонија“ почнува да се емитува

Добивај вести на Viber

ЈАДРАН ФИЛМ  го претстави  trailer-от на играната серија „МАКЕДОНИЈА“. Тоа е специфична љубовна приказна, каде главен актер е американски продуцент  кој доаѓа во Македонија  за да прави серија за „МАКЕДОНИЈА“. Тој при тоа се бори со своите дилеми, влијанија и препораки од разни страни како серијата би можела, требала и смее да изгледа ... Неколку пати после неколку тешки удари на проектот, скршен за кратко, решава да се откаже, но сепак на крај ја завршува серијата..„

Впечатоците за трејлерот на Македонија, ни ги споделува Стојан Синадинов.

Женски Магазин - Трејлерот за серијата „Македонија“ го поставува прашањето „Што е Македонија“. Која е пораката која со ова прашање се испраќа? Стојан Синадинов -  „Што е Македонија?“ Бренд на кечап? Име на фудбалски тим? Име на спортска сала? Географска област? Овошна салата што се служи во француските ресторани? Емил Рубен во трејлерот вика дека тоа е љубовна приказна, дека имало две љубови. Можеби пораката е љубовна? Не знам, но знам една лекција од историјата на филмот. Кога го прашале легендарниот американски филмски режисер Џон Форд каква порака сакал да испрати со неговиот филм, тој одговорил дека кога сака да испраќа пораки, повеќе преферира да го праќа по пошта… Женски Магазин - Ќе успее ли серијата да ја долови вистинската перцепција за Македонија? Стојан Синадинов - Мислам дека не постои „вистинска перцепција“. Има лична, колективна, доминантна… перцепција. Според трејлерот, единствено што можам да кажам е дека насетувам некоја естетичка димензија слична на „Сенки над Балканот“ на Драган Бјелогрлиќ, која моментално ја гледаме на ТВ, историска драма во постмодерен визуелен клуч? Но, трејлерите можат да ги зголемат очекувањата над можностите на креаторот на серијалот. Трејлерот на сиквелот „Блејд ранер 2049“ на Ридли Скот беше објавен пролетва, беше одличен. Филмот го видовме пред еден месец, беше одличен. Женски Магазин - Дали сметате дека ќе и се допадне на публиката? Стојан Синадинов  - Кога во земјата на продуцентот Јадран филм“ на серијалот „Македонија“ (Хрватска) пред 15-тина години беше направен последен обид за ревитализација на некогашниот дневен весник „Вјесник“, во неделникот „Глобус“ излезе реклама со следнава содржина: „Направивме хрватски ’Њујорк тајмс. Знаеме веќе што ќе речете, но каква Америка е Хрватска, таков ’Њујорк тајмс е и ’Вјесник!“. Доволно ќе биде и толку да биде допадлив. Женски Магазин- Може ли македонската публика денес да следи серија од македонска продукција? Стојан Синадинов - Секако дека може. Како и што следи. Само, да не рековте „македонска продукција“? Колку што се достапни информациите за продукцијата на „Македонија“, би го парафразирал прашањето од трејлерот – „Што е (ТВ серијалот) „Македонија како модел на продукција“?