Животна училница // Приказни
МУДРА ПОРАКА ОД АНЏЕЛИНА: Џоли сподели што е она што ја прави среќна
Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли се чувствува задоволна од исполнетиот живот кој го води откако се соочи со личните искуства, предизвикани од разделбата со 54-годишниот Бред Пит.
Во интервју за странски медиуми 42-годишната Џоли го сподели она што треба да го прави човек, за да не се покаже дека животот му бил празен - активна работа, учество во јавниот живот и повеќе време за децата.
„Имам работа, имам креативност и секој ден работам на себе за да се изградам како личност“, вели таа.
Актерката додава дека е важно не само да работите на себе и да го посветите своето време на семејниот и на личниот живот, туку исто така да бидете корисни за општеството. „Сите ние се обидуваме да најдеме рамнотежа. Мислам дека треба да го најдеме она што го сакаме. Но се разбира, ако не учествувате во нешто глобално, не правите ништо корисно за општеството, а сте фокусирани само на својот живот, порано или подоцна ќе сфатите дека всушност сте несреќни. Вашиот живот ќе биде недоволен“, рекла таа.
Џоли додава дека планира да вклучи шест од нејзините деца во хуманитарна активност, во која и самата е повеќе од вклучена. Таа, впрочем, веќе започна да ги води со себе на јавни настани и да ги запознава со јавниот живот.