,

Научете го детето на вербална самоодбрана

Добивај вести на Viber

Познато е дека детската уста не лаже, односно дека малите го кажуваат она што го мислат, при што може да бидат многу сурови и да ги навредат своите врсници во играта во школо. Зошто би требало што порано да го научите вашето дете на вербална самоодбрана, советува Јелена Холцер, дипломиран педагог и директор на Школо за родители. -Што порано го научите детето на вербална самоодбрана, толку подобро за него. На навреди, етикетирања, критика, детето мора да му каже на врсникот дека тоа му пречи. Но, ако тоа го изговори со мирен, срамежлив глас, тоа нема да го спречи малиот насилник и понатаму да го малтретира, вели Јелена. -Затоа, како на час по глума, научете го да го запре насилникот со својот став, глас и сериозен израз на лице, може и да викне: престани да го правиш тоа, ужасно ми пречи“. Но , ако тоа не го запре, може да се сврти и да оди, физички да се оддалечи од оној кој го навредува или да ви се обрати вам или на наставникот-истакнува педагогот. Во зависност од ситуацијата, детето мора да научи кои начини на самоодбрана ги има на располагање, тоа е нешто што е на родителите, бидејќи детето во школска возраст нема да го научи никој друг освен родителите заклучува Јелена.