,

Научници го поврзаа алкохолот со седум видови на рак

Добивај вести на Viber

Колку повеќе алкохол човек консумира, толку е поголем ризикот од развој на рак. Дури и во мали количини, алкохолните пијалоци се штетни за здравјето. Најголем е ризикот од развој на рак на хранопроводот, усната шуплина, црниот дроб, желудникот и млечните жлезди, пишува The Daily Mail. Покрај тоа, употребата на алкохол го загрозува панкреасот и стомакот. Оваа болест не е поврзана само со јаки пијалаци. Експертите тврдат дека жените кои пијат чаша пиво или вино, се бореле со рак на дојка до менопаузата со 5% почесто, а по менопаузата со 9% почесто. Според научниците, алкохолот е причина за 5% од смртните случаи кај ракот во светот.