Пет златни правила на Меланија Трамп за совршена фигура
Како поранешна манекенка и една од најинтригантни дами кои некогаш зачекориле во Белата куќа, животот на Меланија Трамп, вклучувајќи ја и нејзината диета, предизвикуваат интерес кај многумина. Интересно е дека Првата дама на Америка секогаш за појадок избира исто јадење, според што може да се заклучи дека е многу дисциплинирана жена.
Секој ден го почнува со иста намирница
И покрај фактот дека сега е позафатена од порано, ова 47 годишна дама секогаш одвојува време за појадок кој мора да биде здрав. Пред неколку години Меланија откри дека обично денот го почнува со овесна каша која е позната по високата содржина на влакна и смути напиток направен од неколку состојки полни со витамини.
Секој ден јаде одреден број овошки
Се прашувате како убавата Словенка ја одржува својата линија витка, а кожата сјајна? Таа во својата исхрана воведува овошје богато со антиоксиданти. Во друго интервју открила дека нејзината дневна цел е да изеде најмалку седум овошки.
Не си забранува ништо
Поради фантастичниот физички изглед, многумина мислат дека Меланија апсолутно не внесува шеќер. Баш, спротивно. „Немам вообичаен десерт кој секогаш го јадам. Ако ми се јаде слатка, би избрала овошје или малку чоколада, затоа што мислам дека тоа му е потребно на моето тело“, изјавила таа. Првата дама дури признала дека понекогаш сака да јаде сладолед, сè додека тој е „во баланс со здрава храна“.
Не се посветува на лоши диети
На Меланија и е многу важно да внесува доста вода во текот на денот, како би останала хидрирана, а никогаш не консумира масла или калорична храна. Откако го родила својот син Барон, и се ослободила од килограмите добиени во бременоста, признала дека здравата исхрана и пилатесот, два-три пати неделно, и помогнале да се врати во стара форма.
Има омилено јадење
„Омилено јадење ми е пилешко во пармезан, а пијалок диетална кока-кола од класично стаклено шише“, рекла своевремено.