Животна училница // Приказни
ПИСМО ДО МОЈАТА МАЈКА: Денес те разбирам мамо, бидејќи станав како ти!
Те повикав да дојдеш бидејќи се чувствував преплавена со емоции.
Не се двоумеше да се согласиш да дојдеш штом заврши да пере машината за алишта. Ми донесе ручек за мене и момчињата. Твоето присуство го внесе оној долго баран мир и ми овозможи да дишам повторно. Зошто се чувствувам сигурно секој пат кога си тука покрај мене?
Имам триесет и една година и уште имам моменти кога посакам да избегам и пронајдам утеха во твојата прегратка. Секогаш ги знаеше вистинските зборови за да се почувствувам подобро. Ти си единствена која слуша се што сакам да и кажам, а од некоја причина не можам и не се обидувам да скријам.
Се чувствувам како конечно да дојдов во твоја позиција и почнав да чекорам во твои чевли, на овој долготраен и исцрпен пат. Во текот на најтешките моменти станувам свесна како тебе ти било со мене.
Понекогаш се чувствувам како никој да не ме слуша.
Никој не ме гледа.
Се чувствувам дека давам многу од себе, но дека секогаш некој очекува од мене уште, повеќе и премногу. И тоа поминува незабележано. Мојот сопруг ненамерно секој ден го прави се потежок и ми покажува дека на крај на денот немам некои значајни резултати во споредба со него кој го поминува денот на работа. Се чувствувам помалку вредна. Подот во купатилото е прекриен со влажни пешкири, а јас воопшто не можам да се сетам што се направив во изминативе 14 часа.
Некогаш се чувствувам како ти да си единствена која навистина гледа што правам јас.
Единствена која разбира колку себе се вложувам и колку сакам. Најдобро тоа се гледа во оние ситуации кога давам, сеќавајќи се како ти ми даваше мене. Ја пропуштив шансата да си купам нешто на себе, за да им купам на децата. Или одлучам да не јадам грозје денес, бидејќи сакам тие да го изедат. Дури и кога со задоволство би го изела тоа едно залче одлучам да им го дадам на нив, како што ти ми го даваше мене.
Кога ми говореше дека не сакаш да јадеш нешто што си ми давала, мислев дека навистина е така. Денес сфаќам дека си сакала, можела и посакувала да го изедеш тоа истото, но дека си сакала јас да го изедам.
Едноставно, денес сфаќам како е да се биде мајка.
Во текот на моментите во кои најмногу се жртвувам сфаќам колку ти се жртвуваше за мене. По цел ден слушам туѓи приказни за тоа што постигнале, каде патувале, а јас гледам во Лего кулите, чекорите на своите деца и карате ударите по дома. Гледам како се качуваат на дрва и се симнуваат. Повторно слушам туѓи приказни и потоа кога конечно сите завршат и си заминат дома на спиење сфаќам дека е време конечно и јас да мислам малку на себе.
А потоа сфатам дека често ти ги правам истите работи на тебе. Те повикам и не те прашам што има кај тебе, како си, туку полнам набрзина да ти кажам што се сѐ случува кај мене. А ти си единствената која внимателно одлучи да сослуша се и која се чувствува возбудено поради мене, дури и кога никој друг нема. Или барем се трудиш да излажеш дека е така. Дури кога го завршиме разговорот сфатам дека воопшто не те прашав, како си ти.
Ти си моја мирна кукла. Се грижиш за мене и кога тоа не го знам. Ме правиш посебна, ме слушаш и сакаш, а јас тоа не го сфаќав се до денес кога истото тоа го правам за своите деца. Како е тешко да бидеш на другата страна и некому да му бидеш мирна кукла, а да не можеш да ја пронајдеш својата.
Претходно верував дека сум те стигнала и требало уште одамна и дека сум тргнала по патот по кој ти никогаш не би. Ти ми дозволи да верувам во тоа. Меѓутоа, никогаш не отиде од мојот пат, туку од страна ме набљудуваше, како мислам да правам се поинаку, чекорејќи во твоите чевли на некој друг пат. Како кога бев малечка.
Но сега те гледам како стоиш покрај мене и се грижиш.
Те гледам во текот на сите најтешки моменти, но и во текот на оние кога сум најгорда мајка.
Те гледам како се жртвуваш за себе, бидејќи и јас се жртвувам за нивни денови.
Конечно те гледам мамо, бидејќи и јас станав таква.
Станав мајка.