,

Повлечени повеќе од 12 милиони кутии со млеко за бебиња заразено со салмонела

Добивај вести на Viber

Повеќе од 12 милиони кутии со млеко во прав за бебиња биле повлечени од 83 земји во светот, откако во фабриката за производство на млеко „Лактaлис“ била откриена салмонела . Ова го изјавил Емануел Бесние, директорот на француската компанија кој рекол дека ќе им плати отштета на семејствата кои купиле заразено млеко.   Млекото во прав од овој француски производител ширум светот се продава под брендовите Milumel, Picot и Celi. „Од продажба повлековме 12 милиони кутии млеко во прав, но нема да застанеме тука. Имено, дистрибутерите веќе не треба да ги рангираат производите и на тој начин да ги бараат контроверзните кутии. Едноставно дозволивме да отстранат се од своите полици“, рекол Бесние. Салмонелата кај бебињата може да предизвика тешки дигестивни нарушувања, стомачни грчеви, повраќање и дехидратација. Во Франција досега се регистрирани 35 вакви случаи, а во Шпанија само еден.