Сања Атанасовска: мојата ѕвезда

Добивај вести на Viber

Падна мојата ѕвезда кога липите го изгубија сопствениот мирис кога во пепелта на летото гниеше здодевноста во тие луди времиња во тие златни години слушав најубава музика пишував најтажни песни под ноктите влечкав остатоци од непознат свет затоа што никој не призна дека јаболкото на чувствата е премногу убаво за да биде вистинито светецу на љубовта изгасни го факелот во моите соништа да не успеам да ја најдам ѕвездата што ме повредува. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска