Сања Атанасовска: те нареков

Добивај вести на Viber

Те нареков див ветар и те пуштив да си играш со моето перче те нареков шумска јагода и сакав да го вкусам твоето црвенило те нареков бел нарциз и те оставив да се вљубиш во самиот себе но ти стана провалник во моите соништа крадец на моите желби и човек што ќе го следам до крајот на светот. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска