Серена Вилијамс додека се породувала преживеала хорор: Тенисерката проговори после 5 месеци

Добивај вести на Viber

Големи здравствени проблеми низ кои тениската ѕвезда Серена Вилијамс се борела по породувањето ја инспирираа после 5 месеци да проговори за важноста на добрата здравствена нега. „Секоја мајка во целиот свет, независно од расата или потеклото, заслужува здрава бременост и породување“, рекла Серена и додала дека за малку ќе умрела откако на 1 септември го родила првото дете ќерката Алексис Олимпија. Имено, нејзините отчувкувања на срцето се спуштиле на опасно ниско ниво во текот на контракцијата, поради што итно морала на царски рез. Иако операцијата поминала добро, Серена во наредните шест денови се борела со состојба во која еден или повеќе крвни садови ги блокираат крвните згрутчувања. Поради тоа морала на уште неколку операции и поминала низ здравствени проблеми. „Среќна сум што преживеав. Прво, мојата рана од царскиот рез се отвори поради силно кашлање, кое го предизвика емболијата . Повторно ме оперираа, а тогаш лекарите открија голем хематом, после отекување на крвните згрутчувања во мојот стомак. Повторно сум оперирана, спроведен е потфат кој спречува згрутчувањето да оди во белите дробови. Кога конечно излегов од болница, поминав шест недели во кревет“, раскажува Серена.