Животна училница // Приказни
Сетете се на овие работи кога ќе ви биде тешко
Искуството само по себе нема вредност, туку само она што го научиме од него.
Животната мудрост ја стекнуваме со мали чекори. Со нивна помош повремено можеме да го корегираме својот поглед на свет и да ги прилагодиме своите постапки.
Составивме список од неколку работи кои ќе ви помогнат во тешки ситуации.
-Постојат работи кои најмногу сакате да ви се исполнат, а постојат и оние, моментални, кои ги сакате веднаш и сега. Дисциплината е потребна за да бидете што е можно подобри, и да го изберете она првото, најважното.
-Знаењата кои ги стекнавте не се гаранција за вашиот раст и развој. Најважно е да поседувате вештина во примена на тие знаења.
-За почеток, потребно е да научите да кажете „да“. Тоа во вашиот живот ќе внесе разновидност и ќе ви помогне да се пронајдете себе.
-Околностите кои не се под наша контрола влијаат на нашиот живот само 10% а нашата реакција на нив влијае 90%.
-Ако нешто не почнеме да го правиме денес, нема да го завршиме ни утре. Затоа, важните работи не треба долго да се одложуваат.
-Чекање на идеални услови за реализација на плановите води кон неуспех уште во почетната фаза.
-Што е потежок патот, толку поголем успех ве чека на крај.
-Тешките времиња не траат вечно, но ако човек е навикнат се да комплицира, тогаш тоа ќе значи дека така и ќе биде.
-Ниту еден човек не се родил како успешен.
-Секој човек има свои силни страни.
-Никогаш нема да ви текне сјајна идеја ако претходно не поминете низ голем број лоши идеи.
-Да се биде зафатен и да се биде продуктивен не е исто
-Да се биде среќен и да се биде успешен не е исто.
-Во секоја животна ситуација имате можност на избор.