СЕ ВЕНЧАА ВО АВИОН: Двојка доби благослов од Папата Франциск

Добивај вести на Viber

Двојка направи необична венчавка, така што се венчаваше во авион.

Папата Франциск направи историска свадбена церемонија венчајќи стјуардеса и стујард на авионот кој патувал меѓу градовите во Чиле.

Пола Подест Руиз (39) и Карлос Чиуфарди Елорига (41), кои претходно се регистрирале во државна служба, побарале од папата да ги благослови.

Тие не можеле да извршат свадбена церемонија во нивната црква во главниот град Сантијаго затоа што е оштетена од земјотресот во 2010 година.

Папата Франциск предложи да изведе кратка церемонија за време на краткиот лет од Сантијаго до градот Икике во северниот дел на Чиле. За сведок на церемонијата беше земен шефот на авиолинијата.