Животна училница // Приказни
Силните жени попрво би останале сами, отколку да губат време со кретен
Нема да негираме, врските можат да бидат интересни и неверојатни. Меѓутоа, често и губење на време. Можете ли да ги изброите сите врски во вашиот живот кои не успеале? Сигурна сум дека многу од нив завршиле поради кретен кои не ви се јави или престана да ве почитува.
Вистина е: Тоа вам не ви треба.
Не ви треба некој кој ќе чекате да ве повика или да прашате некој за почит. Не ви треба личност која ќе ве лаже или личност која сака да ве промени. Знам, тој е згоден и привлечен и знаете дека никој не е совршен или можеби би требало да му дадете уште една шанса. Изборите свесно се направени. Вам не ви треба тоа.
Секој има маани, но неверство и лажање не се избори. Избори кои се свесно направени. Вам тоа не ви треба.
Од мое искуство, изгледа повеќето слободни згодни мажи се кретени. Затоа одлучив да не ризикувам и да останам слободна додека не бидам сигурна дека сум пронашла прекрасно момче. И искрено, уживам да бидам слободна.
Супер е да работите што и да посакате секој ден. Никој не ме осудува кога ги поминувам часовите средувајќи ги моите нокти или останувам дома за време на викенд само за да гледам филмови.
И друга работа-не ми недостасува маж во животот. Сфатив дека барањето на вистинско момче не е толку важно како што порано изгледаше. Сега знам дека да се биде сам не значи да се биде осамен. Можеби се чувствувате осамено дури и кога сте во врска.
Ништо сега не може да ме запре. По многу искуства со кретени, ни еден маж не може да ме направи будала и наведе по тој истиот пат повторно. Знам дека сите се интересни на почеток, но тоа не докажува дека се добри момци.
Затоа го посветувам овој текст на сите девојки кои имале кретени во својот живот. Вие тоа не го заслужувате. Вие сте моќни, самостојни и независни и можете да правите што и да сакате во животот!
Не ви треба маж за да успеете и да патувате низ светот. Посебно не некој кретен кој ве нервира.
Не плашете се да бидете сами. Не ви треба врска за да бидете среќни. Среќата е многу повеќе од тоа! Дури и ако одлучите да влезете во врска, бидете внимателни. Држете се до мисијата дека имате се што ви е потребно - себе.
Уживајте во животот сами, времето поминува брзо и не сакате да го трошите залудно, зарем не? На крај, сакате да бидете сигурни дека имавте се што сакавте, а не да се жалите дека сте ги потрошиле своите нерви, енергија и време на некој кој едноставно не е никој вреден.
Секогаш запамтете, ако вие не се сакате себе, нема ни другите да ве сакаат. Бидете силни и огнени, бидејќи морате да бидете, за да би успеале во денешен свет. И не ви треба никој за тоа.
„Вие како и секој во овој универзум, заслужувате љубов и приврзаност“-Буда