Тажните судбини на легендарните убавици: Грета Гарбо

Добивај вести на Viber

Го имаа цел свет на дланка. Сите ги обожаваа, а нивните животи личеа на модерни бајки. Беа гламурозни, популарни, невистински, беа светски ѕвезди ... И беа несреќни... Ви претставуваме серијал од тажните судбини на легендарните убавици Грета Гарбо Грета Гарбо пораснала во Шведска и ништо во нејзиниот живот не укажувало на тоа дека еден ден цел свет ќе го фрли на колена. Нејзиното семсјтво било сиромашно, а детството на малата фантазерка било исполнето со сивило, немаштија и тешкотии. Кога со својата висока и витка аристократска појава го завела Холивуд, се личело на бајката за Пепелашка. https://www.youtube.com/watch?time_continue=89&v=EEab8NZO3Fg Принцезата од пепелта се издигнала до ѕвездите и станала најпрепознатливо лице на филмската индустрија во 30-тите години на минатиот век. После неколку филмови кај кои критиките не поминаа добро, Грета Гарбо го сними својот последен филм „Жена со две лица“, кој подоцна го нарече свој гроб. Грета одлучи да исчезне и се повлече во целосна анонимост. На новинарите и обожавателите кои со години подоцна и праќаа повеќе од илјада писма, не им дозволуваше ни да ѕирнат во нејзиниот осамен свет. Иако имаше се, сакала само сите да ја остават на мир, беше препознатлива по други мрачни расположенија и анкциозни епизоди, а поради својата специфична личност често за неа говорат како за „најдепресивниот скандинавец по Хамлет“.