Темелковска: Не ги делам професионалците по тоа дали носат „панталони“ или „здолниште“

Добивај вести на Viber

Се поактуелна е темата за женското лидерство, за создавањето еднакви услови зa успех на жените во бизнисот без никакви предрасуди и пречки или било каква системска дискриминација, па затоa во период кога воопшто е тешко да се започне со сопствен бизнис без оглед на половата припадност, разговараме со Ема Темелковска, ко-сопственик на агенцијата Идеа Лаб за маркетинг и односи со јавност, за нејзините мотиви кои ја водат низ препреките и тешките моменти, за балансирањето на приватниот и професионалниот живот. Ема е секогаш позитивна во контактите со медиумите и клиентите, жена со висок степен на енергија и докажан професионалец, која поставува одличен пример и може да послужи како инспирација преку својата лична приказна која во продолжение ви ја доловуваме со повеќе детали, а може да ја прочитате тука.