Животна училница // Приказни
ТЕТОВАЖИТЕ НА ПОЗНАТИТЕ: Бурми, ноти и симболи посветени на децата
Првата тетоважа Тони Зен ја направил на 17, а Перо Антиќ на 19 години. На Панчо, Тијана Дапчевиќ и Мартин Мила најдраги им се цртежите инспирирани од нивните наследници, а Александар Тарабунов на оригинален начин ја изненади сестра си
Тетовирањето не е само цртеж на кожата, туку живот. Без разлика дали трајното нанесување на мастила во различни бои симболизира бунтовност, специфичен начин на изразување или уметност, секогаш најважна е приказната. Со различни мотиви своите тела ги имаат „насликано“ и многу познати Македонци.
Меѓу цртежите споени од грбот до градите и на рацете, популарниот рапер Тони Зен засекогаш ја врежа и пораката „Јас сум производ на сопствените убедувања“.
[caption id="attachment_9589" align="aligncenter" width="630"] За Тони Зен секој симбол крие животна филозофија[/caption]
Првата тетоважа ја направил на 17 години.
- Се радувам што низ годините се рушат бариерите за оваа уметност и култура која датира уште од античко време. Кога ќе видиме тетовирани луѓе сега првата асоцијација не е криминал или борба со зависности, туку силни и храбри индивидуи, успешни во она што го работат. Сите мои тетоважи се моментална инспирација, мои убедувања. Сè уште немам цртеж или цитат кој е посветен на конкретна личност–раскажа Зен во едно интервју.
Впечатлива тетоважа на рамото има и пејачката Елена Миленковска која лани беше прогласена за најперспективна пејачка на радиофестивалот „МАРС“. Симболот комплетно го отсликува нејзиниот живот, а тоа е музиката.
[caption id="attachment_9584" align="aligncenter" width="700"] Елена Миленковска има впечатлива слика на рамото[/caption]
- Имам виолински клуч и петолиние со ноти, поврзани со синџир на кој има срце заклучено со катанец. Музиката е во моето срце.
Таа ме исполнува и ме прави среќна. Навистина ми е мило што го носам тој печат на мене–откри Миленковска.
Една од ретките девојки што изработува тетоважи е Емилија Пендева која многумина сè уште ја препознаваат по улогата во видеозаписот за темата „Лејди“ на Тоше Проески.
И самата има преку дваесет цртежи по целото тело, а во едно интервју изјави дека најголем кеиф и прави првиот кој ѝ го „насликал“ нејзиниот тогашен сопруг.
[caption id="attachment_9586" align="aligncenter" width="960"] Тату-артистката Емилија Пендева и самата има преку дваесет цртежи по целото тело[/caption]
- Му дозволив да ме истетовира на левата дланка–откри таа.
Поранешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ, кој моментално настапува за „Црвена ѕвезда“ во една прилика откри дека својата прва тетоважа ја направил кога имал 19 години.
[caption id="attachment_9590" align="aligncenter" width="500"] Перо Антиќ првпат се тетовирал на 19 години[/caption]
- Првпат го истетовирав моето тело во 2001 година и оттогаш ми стана пасија. Дел од тетоважите се поврзани со мојот живот и семејството, а дел со клубовите каде што сум играл. Една од подрагите ми се познатите зборови на Нелсон Мендела – објасни Антиќ.
Над дваесетина тетоважи има и Панчо од дуото „ДНК“, вклучувајќи ги и оние посветени на неговите два сина. Очекувано, најдрага тетоважа и на Тијана Дапчевиќ ѝ е цртежот во чест на синот. Неговиот иницијал со ангелски крилја гордо го носи на грбот. Неодамна за „Женски магазин“ и кантавторот Мартин Мила откри дека особено му се драги тетоважите на вратот и градите посветени на ќерка ми. Бројот седум е збир кој го симболизира нејзиниот датум на раѓање, а нотите „ми“ и „ла“ се нејзиното име. Александар Тарабунов пред неколку години го тетовираше името на сестра си. Повеќе тетоважи на рацете има и пејачот и автор Димитар Андоновски кој изјави дека секоја има посебно значење за некој период од неговиот живот. Огромен цртеж на градите има и раперот Драган Величковски – Тајзи, а пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски неодамна си истетовираа бурми.
За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов