,

ТИЕ СЕ НЕПРОЦЕНЛИВ ДАР ЗА ДЕТЕТО: Предностите кои ги има одморот со баба и дедо

Откријте зошто родителите треба да ги стимулираат децата да поминуваат повеќе време со нивните баби и дедовци и кои се предностите на одморот со нив

Бабите и дедовците можат да бидат непресушен извор на приказни и анегдоти кои оставиле белег во нивниот живот. И додека за вас, како нивните деца, раскажување на овие случки предизвикува едни чуства кој не се опишуваат, тогаш не заборавајте дека за малите е нешто ново и интересно. 

Децата обожаваат да им се раскажува, а што подобар начин од овој е да им „фрлите“ генеричка приказна? Распустот е одличен момент да им дадете повеќе време на баба и внуче. Тоа од една страна ќе биде начин баба и дедо да ја вежба својата меморија, а од друга нишката која ги обединува генерациите, ќе се зачува жива. 

Бабите и дедовците можат да ја заземаат улогата на пријател за внуците и да се претворат во важна емоционална поддршка, особено ако комуникацијата помеѓу родителите и детето е посложена. Времето поминато заедно е важно, бидејќи на тој начин ќе се запознаат едни со други, откриваат нешта кои можат да ги прават заедно.. 

За малото дете одморот со баба и дедо е начин да се одвоите од своите родители и да почнете да гради самостојност. За баба и дедо тоа е враќање назад кон детството. Внуците се мешавина од ентузијазам, еликсир на младоста и освен тоа се способни да разбудат заборавени нешта од суштината на постарите луѓе, како игрите, на пример. 

Бабите и дедовците имаат тенденција да дозволуваат се што сакаат внуците и да скокаат над правилата воведени од родителите. Галењето, од време на време, всушност е корисно и не е повод за загриженост или кавги. Доста е постарите луѓе да не претеруваат и да не го газат авторитетот на родителите. 

Запомнете дека присуството на вашите родители е непроценлив дар како за детето, така и за вас самите.