ТИЈАНА ДАПЧЕВИЌ ПРЕД ФИНАЛЕТО НА ШОУТО ТЛЗП: Ако победам, парите ќе ги дадам за децата болни од рак

Добивај вести на Viber

Парите би ги поделила на неколку места. Прво би донирала за Детската онколошка клиника, па на едно мало дете што боледува од церебрална парализа а се вика Урош Карапанџиќ. Потоа, еден голем дел сакам да дадам и во Македонија, но уште не знам точно каде, ќе знам за некој ден“, изјави Тијана за Женски Магазин. [caption id="attachment_8810" align="aligncenter" width="470"] Ниту еден лик не ми беше тежок, во секоја точка наоѓав радост, и со самото тоа успеав да се победам себеси, и што е најважно не се изневерив првенствено себе, а потоа и другите. - Тијана во улогата на Пинк[/caption] Тијана Дапчевиќ влезе во финалето на шоуто „Твоето лице звучи познато“, како шампион, со најголем број бодови од жири комисијата и од публиката. Шоуто кое секоја недела го гледаме на Сител ТВ, а се снима во студиото на Тв Прва во Белград. Во недела, финалната емисија ќе се пренесува во живо. Ако победи, Тијана ќе добие чек од 25.000 евра кој ќе го донира во хумани цели. Поп-пејачката, за Женски Магазин изјави дека ако се случи да победи дел од парите ќе ги донира во Србија, а дел во Македонија. Најмногу, таа би подарила на децата кои се болни од рак. [caption id="attachment_8809" align="aligncenter" width="667"] Тијана како Тејлор Свифт[/caption] „Не можам да знам дали ќе победам, но за сега, како што стојат работите имам сериозни шанси. Парите би ги поделила на неколку места, што велат србите „на равне части“. Прво би донирала за Детската онколошка клиника, па на едно мало дете што боледува од церебрална парализа а се вика Урош Карапанџиќ. Потоа, еден голем дел сакам да дадам и во Македонија, но уште не знам точно каде, ќе знам за некој ден“, изјави пејачката. Во изминативе три месеци Тијана како имитатор беше во кожата на Здравко Чолиќ, Џеси Џеј, Џастин Бибер, Ран Ди-Ем-Си, Мадона, Пинк, Леди Гага, улога со која победи. Од оваа перспектива ниту еден лик не ми беше тежок, во секоја точка наоѓав радост, и со самото тоа успеав да се победам себеси, и што е најважно не се изневерив првенствено себе, а потоа и другите“, изјави пејачката. Во полуфиналната емисија во неделата, специјален член на жирито беше Каролина Гочева, која ја нарече Тијана личност со раскошен талент. И редовните членови на жирито Бранко Ѓуриќ - Ѓуро, Андрија Милошевиќ и Александра Радовиќ често ја оценуваа нашата пејачка со максимални 12 поени во текот на серијалот. [caption id="attachment_8808" align="aligncenter" width="654"] Тијана како Мадона[/caption] Пејачите Стеван Аѓелковиќ и Лео, пејачката Едита Арадиновиќ, и актерката Драгана Миќаловиќ се исто така дел од финалистите заедно со Тијана. За Женски Магазин, Милица Џаровска