Утринско кафе со Ивана Макенаџиева: Станувам рано за да го фатам денот

Добивај вести на Viber

Себеси би се класифицирала како ’morning person, бидејќи не сакам своето време да го трошам на спиење. Без разлика дали е работен ден или викенд, се будам во 07 h. за да го фатам денот. Има и такви викенди кога ќе се разбудам панично во 09 часот, мислејќи дека ќе пропуштам нешто многу важно.  За мене утрата се најубавиот дел од денот и го имам тоа чувство дека целиот град ми припаѓа само мене.

По утринскиот ритуал, кој се состои од доза витамини - цеден сок, се подготвувам за дневниот предизвик кој ме очекува на работното место.

Веќе во 08 h сум на моето работно место и првото утринско кафе го пијам со најблиските колеги, правејќи планови за активностите кои ги имаме за тековниот ден. Морам да признаам дека сум среќен човек, ако може така да се каже, бидејќи одењето на работа ми претставува задоволство, со тоа што моите колеги ми се воедно и мои пријатели. А, знаете формулата за успех е кога ќе се спои задоволството со работата.

Изминатиот период кога сѐ уште беше топло и денот беше поголем, си направив еден убав утрински ритуал… го посетував фитнес центарот пред почетокот на работниот ден. Но, за жал во овие зимски денови сепак фитнесот го оставам по завршетокот на работниот ден. Тоа е просторот што ми служи за еден вид детоксикација не само на телото туку и релаксација на мозокот. Место каде се ослободувам од работниот притисок и целиот товар што го носи овој модерен начин на живот. За време на викендите, настојувам да се искачам и на Водно, избегнувајќи го градскиот метеж и загадениот воздух.

Се трудам секој слободен момент, ден или викенд да го искористам надвор од Скопје од каде што ја апсорбирам мојата креативност. :)

Вечерните часови претежно ги поминувам со моите најблиски пријатели, на некоја опуштена вечера или во некое од моите омилени места во градот. Преферирам да имам исполнет социјален живот и се трудам да не ги запоставам најблиските, покрај сите оние секојдневни работни обврски. За да постигнам се во еден ден, мислам дека ми недостасуваат барем уште некои 6 часа од денот и наместо 24 часа, денот да има 30 часа , но и вака се снаоѓам.