Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Катерина Здравева: Најдобрите нешта во животот се како детелинка со четири лисја
Утрата ми се најубави!
Откако ќе се подготвам на ред за будење и спремање се Андреј и Марко кои ми ја даваат насмевката, силата и енергијата за почетокот на денот.
Со нив ми почнува динамиката, а со мојот сопруг ги споделуваат ваквите семејни и домашни одговорности па затоа заедно ги завршуваме утринските обврски како тим.
Дома немам време за утринско кафе, па првото утринско кафе го пијам во канцеларија додека ги правам плановите за работниот ден.
На сите ни треба мотивација. Некои луѓе успеваат сами да се мотивираат и да се посветат на тоа што го работат, некои пак со малку поддршка од околината. Мене лично ме мотивираат реални случки со среќен крај.
Ме мотивира личен успех, дури и добра книга, испиено кафе, изеден колач, ОДМОР ОД СЕ, најголема мотивација ми се патувањата со сопругот Иван.
Оваа мисла ми остана длабоко врежана, а истата е поврзана токму со мотивацијата: „Биди промената која што сакаш да ја видиш во светот.“
Креативноста кај човекот секогаш инспирира мотивација за било што и било каде!
Работните обврски ми започнуваат во 08 часот, правејќи планови за активностите кои ги имаме за тековниот ден, одговарајќи на мејлови и секојдневен брифинг со Маркетинг агенцијата.
Со оглед на природата на мојата работа секојдневно сум во контакт со многу луѓе, средби со клиенти и соработници а и со пријатели.
Морам да признаам дека работата ме прави среќна, ми претставува задоволство, посебно после добро сработена и успешна маркетинг кампања!
Во мојата професија нема работно време, денот знае да ми заврши и во доцните часови.
Се трудам да бидам присутна секаде и да ги избалансирам работните и домашните обврски.
Организацијата ми е една од подобрите карактеристики.
Домот, децата, училишните и спортските активности ни се приоритет.
Нашата куќа е со широко отворена врата, па често вечерта ја минуваме со добро друштво, пријатели и пријателства кои долго траат.
Ова го кажувам дека тие се дел од нашите животи, така е кога имате со кого да споделувате убави мигови и кога имате со кого да ги споите вечерта и утрото, кога имате живели за секоја голтка …тоа не се раскажува, тоа се доживува.
5. Сакате ли да прочитате книга или да гледате филм?
Секако дека сака, гледам филмови, читам, читам многу книги и литература поврзана со работата но мора да додадам обожувам да одам во театар, нема претстава а да не сум ја гледала.
Ја сакам сцената, луѓето, емоциите во театарот ги доживувам на посебен начин, едноставно целиот тој амбиент ми дава друга слика и перцепција за случувањата.
“ Најдобрите нешта во животот се како детелинка со четири лисја. Тешко е да се најде, но среќен си ако ја имаш“
*Катерина Здравева, Директор на Дирекција Маркетинг и реклама во УНИБанка.