Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Лејла Гогова: Ме мотивира утринското сонце
Вообичаено работниот ден ми започнува со музика, по избор на мојот сопруг ранобудник и шолја нес кафе. Првата секојдневна обврска ми е прошетката со нашиот миленик, малтезерот Бакс, која искрено и мене ми годи
Ме мотивира утринското сонце како најава за уште еден нов ден кој ќе донесе предизвици, понекогаш стрес и проблеми, но редовно и убави мигови со децата и пријателите, како и можности за остварување на идеите.
Во моментов, заедно со мојот партнер Алек Бимбилоски, сум ангажирана со финалната продукција на зимската и новогодишната колекција на нашиот бренд „Румор“, промотивната фотосесија и плановите за одбележување на едногодишното успешно постоење на македонскиот пазар.
Денот исполнет со набиена агенда завршува доцна попладне, со семеен ручек и опуштање во домашен лежерен амбиент, додека дојде времето за пилатес или вечерна прошетка по кејот на езерото.
Сакам да читам и книгата е секогаш мој избор во миговите за релаксација. Моментално ја читам „Духови над Балканом“ од Гордана Куич, откако претходно ја прочитав извонредната трилогија „Мирис кише на Балкану“. Добар филм и серија одбирам на Нетфликс или се приклучувам на изборот што ќе го направи сопругот