Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Петар Младеновски: Концертот на Суперхикс ме мотивира денес
Најчесто првото кафе го пијам сам со себе. Станувам, се мијам и го пијам пред да заминам накај радиото, каде веднаш се префрлам на второто со колегите, а веднаш потоа и третото на тонската за концертот кој ќе се случи вечерва со мојата инструментална банда СУПЕРХИКС.
Ме мотивира сѐ во оваа демотивирачка средина. Тоа ме предизвикува. И секако моите деца кои ми се мотив за сѐ. И кога ќе закажеш концерт како овој денес, и тоа мотивира и те турка напред!:)
Покрај првото силно кафе (и без шеќер) Кратки обврски околу моето радио шоу ПЕЦЕТЕКА, па потоа последните подготовки за концертот вечерва кои подразбираат тонска проба, разгледување на детали во однос на организацијата на истиот, консултација со гостите кои ќе настапат со нас.и на крај секако вечерашниот спектакл! Кој не е обврска, повеќе е задоволство кое трае трае 23 години:))
Вечерта е резервирана за мојата сакана Елизабета, секако! А завршува уморно и со некоја чашка сок од ферментирано грозје или компир.
Се разбира дека сакам и книги и филм! Топло ги препорачувам последните кои ги „голтнав“: книга - ДОПИР ОД ДАЛЕЧИНА (во чест на Иан Кертис од Џој Дивижн), а филм - Исцелител на Ѓорче Ставревски и Валеријан и Градот на илјада планети на Лук Бесон