Утринско кафе со Сашка Благоевска Симјаноска: Денот ми започнува со многу љубов и искрени насмевки

Добивај вести на Viber

Јас сум мајка на две прекрасни ќеркички, Лана која има 6 години и Бојана која има сега 1,5 година..Така да секое утро мојот дом е исполнет со многу љубов и искрени насмевки. Се будиме многу често сите со детски песнички, и двете обожаваат музика, а посебно ги сакаат песничките на Петко и бендот 5+Фамилија..и така полесно се разбудуваме и почнуваме со подготовки за чцилиште, градинка и работа... Подготовките се пропратени со најубавиот утрински ритуал, утринско турско кафе со мојот сопруг. Јас сум зависник од мали задоволства, кои ме опуштаат и ми го прават животот уште поубав ... Кога обврските ми дозволуваат, после излегувањето од дома сакам пред да започнам со работните обврски да си испијам уште едно кафе со моите пријателки, драги луѓе, кои секогаш ми пренесуваат само позитивни вибрации...Едно такво убаво место за кафе ни е слаткарницата Зафир...И после денот почнува во полн ек. Мојата професија бара голема посветеност од мене и комплетно ме исцрпува и физички и психички..Но љубовта што ја имам кон неа, пасијата за создавање на нешто убаво, желбата да го разубавувам животот на луѓето преку разубавување на нивната насмевка, ме прави истрајна и ми дава енергија за да можам комплетно да бидам посветена на моите пациенти. И моите ќеркички ги воспитувам во тој дух, дека треба да уживаат во своето творење, во својата фантазија, и да си ја слушаат душичката што сака таа ...И  после еден ваков работен ден, денот продолжува во домот, опкрузена со моето семејство, со нивните потреби, желби...во друштво со пријатели. Кога страста за работата ми дава сила да го издржам работниот ден, насмевката на моите најмили ми е најголемата животна мотивација, ми ги полни батериите со брзината на светлината и повторно сум во топ форма и спремна за детски роденден, за дружење со другарчиња, за креативни наши изработки, за цртање, играње..и се така додека дојде време за подготовки за спиење. И тогаш заспиваме гушнати со ќеркичките во заедничка прегратка и читаме детски приказни, бидејки и двете обожаваат да слушаат и тоа ги прави среќни. А дури кога ќе заспијат, доколку и нас не нѐ совлада сонот знаеме да се опуштиме со некој убав филм и тоа јас многу ги обожавам филмовите кои ќе ме насмеат но и имаат доза на роматика...за спокоен и убав сон. *Доктор Сашка Благоевска Симјаноска - Поликлиника Др.Благоевски