Стил Профил,
Трендови
(ФОТО) Вака изгледа Брижит Макрон кога ќе го прекрши сопственото модно правило
Брижит Макрон „Вог“ ја прогласи за најдобро облечена жена. Жената што прво се најде на удар на јавноста, сега е една од омилените, посебно во модните кругови.
“Милитари“ капутите и палтата се нејзина препознатливост и таа добро знае што и стои.
Сепак оваа контроверзна Французинка ужива да ги крши модните правила со многу стил а критичарите кои и порачаа да се облекува непримерно согласно своите години успешно ги игнорира.
Одличните стиловина облека ги забележавме и на неодамнешното патување во Кина каде беше со нејзиниот сопруг Емануел Макрон во тридневна посета а за таа пригода Брижит направи вистинска модна ревија и ги привлече погледите на сите присутни.
Сепак, она што најмногу изненади е нејзиното појавување во долга црвена тоалета, издание во кое не ја гледаме често.
Фустаните над колена, панталоните и палтата овој пат ги замени со елегантна креација со сребрени детали и ги воодушеви сите и Кинезите, но и останатата светска јавност.
Креацијата е со потпис на „Луј Витон“, бренд на која таа му останува верна. Во првото големо интервју како прва дама за францускиот „Ел“ изјави дека не е љубител на долгите здолништа.
„Носам здолништа над колена, но не и мини здолништа. Кога бев помлада, навистина сакав да носам мини. Тогаш одевме во крајност, од премногу куси до долги здолништа. Еден ден, баба ми ме виде како носам долго здолниште и ми кажа: „Господе, изгледаш како стара баба“. И никогаш веќе не облеков такво нешто“, изјави Макрон тогаш.
Затоа, ваквото издание беше уште поголемо изненадување. Факт е дека добро изгледа во вакви изданија и би било добро и почесто да ги носи.