Во улога на домаќинка во париската Елисејска палата, Брижит Макрон ја угости Клар Веа, сопругата на новиот либериски претседател.
И додека новата прва дама на Либерија заблеска во бел фустан со детали на впечатлива плава чипка, нејзината домаќинка се одлучи за проверена модна комбинација.
По преземањето на титулата прва дама на Франција, Брижит Макрон неброен број пати модна предност им даде на сакоата со детали на дворедни копчиња и строги раменици со потпис на модната куќа "Balmain".
Ништо поинаку не беше ни овој пат, пофалувајќи се со новиот бел модел, под кој ѕиркаше бела маичка. Новото формално издание, го заокружи со тесни црни панталони надополнувајќи ги со лакирани чизми до глуждовите.