Франција ги забранува мобилните во училиште

Добивај вести на Viber

Француската влада најави забрана за мобилни телефони за учениците во основните училишта. Децата ќе може да ги носат своите мобилни уреди на училиште, но нема да можат да ги користат додека не заврши наставата, дури ни за време на паузата. Францускиот претседател, Емануел Макрон, даде предлог за забрана на мобилните телефони уште во својата предизборна кампања во април. Наставниците и родителите се скептични во врска со ова решение. Според министерот за образование, Жан-Мишел Бланкер, забраната ќе стапи на сила на почетокот на следната учебна година во септември 2018 година. Таа ќе важи за сите ученици од 6 до 15 години.