Пред појавата на конференција на „Vogue’s Forces of Fashion“ Викторија Бекам го покажа новиот имиџ.
Дизајнерката во последно време ги преиспитува основите на својата гардероба, вклучувајќи и едноставни бели маички и импресивна колекција на класичен старомоден тексас.
Таа докажува дека еден добар пар од искинати, малку износени фармерки е тешко да се победат, кога станува збор за шик патување. Стилски во елегантна и удобна маичка, со мек изглед, Бекам ги нагласи фармерките со продолжен ефект и откри уште едно ново инвестициско парче: елегантен пар на кожни црни чизми.
[gallery size="large" ids="1746,1747,1748"]
Имено, Викторија Бекам ја прикажа и својата нова колекција за пролет/лето 2018 година на Модната недела во Њујорк. Новата колекција на британската модна дизајнерка ја прикажува „Моќта на жените“, комбинирајќи класичен крој и пастелни бои.
[gallery size="large" ids="1750,1751,1752"]