Животна училница // Приказни
ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА ТОЈ ДЕН: Откриени нови детали од венчавката на принцот Хари и Меган Маркл
Принцот Хари и неговата свршеничка Меган Маркл открија нови детали за својата венчавка закажана за 19 мај, вклучувајќи и тоа дека свеченоста ќе има поворка со кочија низ улиците на Виндзор.
Венчавката во капелата на Свети Џорџ во дворецот во Виндзор ќе почне на пладне и двојката ќе ја венча надбискупот Кантербериј Џастин Велби, објави Кенсигнтонската палата.
Час подоцна парот ќе се провози во кочија низ улиците на градчето.
„Се надеваат дека тој краток пат ќе им овозможи на поголем број луѓе да се соберат околу Виндзор и да уживаат во атмосфера на тој посебен ден“, соопшти палатата.
Новата кралска двојка ќе им се придружи на претставници на приемот во палатата Сент Џорџ. Подоцна истата вечер, таткото на младоженецот принцот Чарлс ќе приреди прием за Меган и Хари и нивните блиски пријатели и семејство.
Истиот ден се одржува Финале на ФА купот на кој братот на Хари принцот Вилијам обично го предава победничкиот трофеј како претседател на Фудбалскиот сојуз, па уште не се познати неговите планови.