Животна училница // Приказни
ЉУБОВНИ ОГЛАСИ КОИ ГО НАСМЕАЈА РЕГИОНОТ: Имам џип, имам пари, само те немам тебе …
Во денешно време, луѓето кои се во потрага за среќа и љубов мора да се послужат и со интернет. Многумина се надеваат дека токму на социјалните мрежи ќе ја најдат сродната душа.
На Фејсбук има доста групи во кои може да се обидете да најдете партнер така што ќе оставите љубовен оглас. Така еден човек, инаку од Хрватска а живее и работи во Германија, одлучил да ја побара љубовта.
„Барам девојка. Жена. Имам кабриа. Пари. За живот во Германија. Молам само млади, згодни.Инбокс. Не треба да работат, јас ќе се погрижам за се. Само љубов ми треба!“.
На Фејсбук потоа тргна да се споделува фотографија од огласот по други различни страни, а коментарите сами се нижеа.
Има од такви кои му се смееја и не престануваа со шеги, а има и такви кои рекле дека целосно го разбираат.
Освен него, се истакнува уште еден маж кои им се обратил на сите жени во стихови:
„Те барам убаво жено! Имам џип, имам пари, само те немам тебе да ги остварам соништата“, напишал помеѓу останатото.
„Знам дека сите му се смеат, веројатно и мене на овој коментар истото ќе ми го направат, но никој не разбира колку е тешко кога човек е сам во дијаспората. Колку пари и да има тие не можат да ја купат љубовта, чувство дека некој те сака, почитува и цени. Сигурен сум дека таа личност што ќе му се јави ќе биде чувана како капка солза во око, или капка вода на дланка. Мајсторе секоја чест, продолжи напорно да работиш и ти посакувам се најдобро во животот“, гласи еден од коментарите.