ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ВО КРИЗА: Познатиот готвач затвора ресторани, тоне во долгови

Добивај вести на Viber

Џејми Оливер во петокот објави дека затвора дванаесет ресторани ширум Велика Британија поради „реконструкција“ на компанијата. Синџирот ресторани во сопствеништво на познатиот готвач Џејми Оливер "Jamie’s Italian"  моментално е во долг од дури 71,5 милиони фунти. Според британските медиуми, еден од најпознатите готвачи на светот на персоналот му должи 2,2 милиони фунти, а минатата година работел во загуба од десет милиони. Освен неколку милиони за „ситни“ долгови, кредитори, даночна управа, сопственици на простори и доставувачи Џејми должи и 41,3 милиони фунти. Инаку, Оливер во петокот објави дека затвора 12 ресторани ширум Велика Британија поради „реконструкција“ на компанијата. Вкупно тој има 25 ресторани во Британија и 28 во Америка. Неговото богатство се проценува на 150 милиони фунти, а наводно вложил три милиони сопствени пари во оваа работа. Финансиските експерти пак, брзо предвидоа ваков крах-неинвестирање, неатрактивни локации и високи трошоци им пресудија на рестораните на Оливер.