Бонус од 5% со Американ Експрес на бензинските станици ОКТА
Со новата летна кампања на Силк Роуд Банка АД Скопје и Окта АД – Скопје, корисниците на Американ Експрес картичките, имаат можност да добијат 5% бонус со секое купување во бензинските станици со брендот ОКТА. Заедничката кампања „Твој Бонус” ќе трае во текот на месеците јули, август и септември.
Со секоја направена трансакција со Американ Експрес картичките на сите бензински станици со брендот ОКТА низ Македонија, на корисниците им се одобрува бонус од 5% од износот на направената трансакција. Максималниот месечен износ за кој важи бонусот од 5% е до 6.000 денари. На месечните трансакции со кои се надминува овој износ, ќе биде одобрен поврат на средства по стапка од 2,5%.
Доколку сеуште немате аплицирано за Американ Експрес картичка, истото можете да го сторите во експозитурите на банката или на веб страницата www.silkroadbank.mk.
Во претстојниот период уживајте во вашите летни одмори и безгрижно патувајте со картичките на Американ Експрес и горивата на ОКТА.