„ Добредојде во светот на возрасните синко мој, за жал, овој свет не е таков каков што си го сонувал “: Петар Ангелов со емотивна порака до синот Лео

Добивај вести на Viber

Поранешниот македонски репрезентативец,  ракометниот голман Петар Ангелов во кругот на семејството го прослави полнолетството на својот прв син Лео. На фотографиите кој ги објави од прославата, е целото семејство облечено во маички на кои пишува Лео 18. Она што остави голем впечаток е емотивната порака која Петар му ја посвети на својот веќе полнолетен син, под објавата а гласи:

- Мојот прв голем трофеј во животот. Никогаш нема да го заборавам моментот кога пред 18 години за прв го кренав тоа малото бебенце кое денес слави полнолетство. Добредојде во светот на возрасните синко мој, за жал, овој свет не е таков каков што си го сонувал, но ти имаш шанса да го направиш подобар. Те сака Tато.


Фото:facebook/diviangelov