(ФOTO) Моден водич за совршен стајлинг: Вака се облекува добро стилизирана жена
Фото насловна: Shutterstock
Облечете се вака и бидете
ин
Ако вашата инспирација оваа недела не е на високо ниво, ние сме тука да ви помогнеме. Најдовме неколку одлични стајлинзи што ќе ја направат оваа зима поинтересна - ќе ве загреат, а во исто време ќе изгледате апсолутно шик.
Постојат и женствени, елегантни, но и малку понеформални - лежерни комбинации. Погледнете ги фотографиите и сигурно ќе најдете нешто по ваш вкус.
Ова е нашиот избор:
Црно-белата комбинација е секогаш добар избор. Исто така, кожените хеланки се водечки тренд на сезоната, што го прави овој стајлинг одличен.
Оваа сезона мора да имате капут во боја во гардероберот, но и следната.
Фармерки и бела боди маица е комбинација за сите времиња.
Фото: Инстаграм/americanstyleОвие панталони се многу популарни во последно време, како и монохроматскиот стил.
Тренерките повеќе не се резервирани само за во теретана. Ова е одличен пример за тоа како можат да се носат оваа сезона.
Фото: Инстаграм/katekijo
Ако сте љубител на малку поелегантни комбинации, стајлингот на Меланија Трамп нека ви послужи како инспирација.
Војничкиот тренд е сè уште многу популарен.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
(ФОТО) Црното е вечна класика: Минималистички парчиња кои се моден хит