(ФОТО) Селфи со мама: Снеже Велков искрено за синовите

Добивај вести на Viber

Од девојчето кое ја водеше тинејџерската емисија „Ред хот“, преку новинарка и уредничка на естрадниот Тв магазин „Бекстејџ“, до македонска домаќинка од Белград во лиценцираните Тв шоуа „Икс фактор“ и „Големиот брат“, препознатливото тв лице Снеже Велков стана пилатес инстукторка. Неодамна се врати пред ТВ екраните со хуманитарната емисија „Вип на еден ден“.

Со сопругот Дарко е во брак од 2006 година и со него ги има синовите Дарин и Ален, за кои претходно во интервју за Женски Магазин има изјавено дека се различни со изглед и карактер, но дека заеднички ја делат љубовта кон патувањето. 

- Не знам дали вечерта или утрото е поголема трка и збрка. Вечерта оди некако вака: „Ален дојди да јадеш“, Дарин, дали изми раце, Ален  ако си изел ајде на миење заби, Дарин облечи пижами, Ален дали се спремни книгите за утре, Дарин каде ти е унифомата, Ален да не треба нешто во школо утре да се носи? Од каде сега да најдам хамер хартија во 10 ноќе? Дарин на спиење. Ален, дали го навивме саатот за станување сабајле?“ - вака раскажува таа за својот ден.

Имено таа ретко ги покажува синовите во јавност, а ова е единственото заедничко селфи на нејзиниот профил на Инстаграм.