ГОБ „8 Септември“ се подготвува за редовни операции: Од 27.јули по три хируршки зафати на пациенти кои немаат ковид-19

Добивај вести на Viber

ГОБ „8 Септември“ оваа недела интензивно се подготвува да почне со редовни операции и за пациентите кои до сега чекаа да бидат ставени на програма. Според директорот на оваа болничка установа, д-р. Христијан Костов, од средината на март, откако ГОБ „8 Септември“ стана најголемиот Ковид-центар, хируршките зафати беа сведени на минимум, односно се праве аоперации само на итните случаи.

-По неколку месечна макотрпна борба со корона вирусот, сметаме дека треба да се започне и со барем по три редовни операции кај пациентите кои не се ургентни. Овие активности до сега беа минимални, пред се заради големиот наплив на пациенти заразени со Ковид-19 кои тука се хоспитализираат со најтешката форма на болеста. Практично сите одделенија во „ГОБ 8 Септември“ беа наменети за пациентите со ковид. Изминативе неколку дена се чисти и дезинфицира шок собата, од каде што најтешко болните ги префрливме на првиот кад од болницата, каде што порано беше сместена кардиохирургијата на д-р. Жан Митрев. Таму има 28 приклучоци за кислород и може целосно да одговори на потребите на пациентите болни од корона вирусот, вели д-р. Костов, за Фактор.мк. Токму таму прочитајте го целиот текст за Градската Општа болница и подготовките за редовни операции на пациенти кои дос ега чекаа да бидат ставени на програма.