И БЕЗ ГРАДИ СЕ ЧУВСТВУВАМ ЖЕНСТВЕНО: Светските ѕвезди кои направиле мастектомија
Американската пејачка и композитор Анастасија, е една од светските познатите личности која има направено двојна мастектомија.
Во 2016 година, пејачката мораше да ги острани двете дојки, откако по втор пат и дијагностицираа рак, кој лекарите прв пат и го открија во 2003 година. По битката со болеста и операцијата, таа изјави : "Сега, и без двете гради се чуствувам уште поженствено". Болеста и тешкиот период таа ги опиша во песната "Скршени крилја".
По оваа одлука, Анастасија им се придружи на Анџелина Џоли ,Оливија Њутон Џон, Шерон Озборн, Кристина Апелгејт, Кети Бејтс и многу други жени кои си ги остранија градите за да си го сочуваат здравјето. Секоја од овие дами, интервенцијата ја направи од интимна причина.
Во 2013 година, на 37-годишна возраст, Анџелина Џоли направи превентивна двојна мастектомија, откако нејзината мајка почина од рак на јајниците. Лекарите на Џоли и открија BRCA1 генетска мутација, па таа се реши за овој чекор за плашејќи се да не ја наследи болеста од мајка и. Поранешната сопруга на Бред Пит потоа направи реконструктивна хирургија на градите. Нејзината одлука, таа ја објави во есеј во "Њујорк тајмс", охрабрувајќи ги и другите жени да го сторат истото за да си го спасат своето здравје.
Кети Бејтс пак, која се прослави со улогата на „Мизери“ во истоимениот филм, исто така ги острани градите откако и дијагностицираа рак на дојка во 2012 година. Таа претходно го преживеа ракот на јајници, кој и го открија во 2003 година.
Од истата причина како и Анџелина Џоли, превентивна, ТВ ѕвездата Шерон Озборн се одлучи на двојна мастектомија во 2011 година. „Откако открив дека кај мене постои генетски ризик да добијам рак, не сакав повеќе да чекам. Веќе се лечев од таа болест и нема да си дозволам повторно да живеам со истиот облак“ , раскажа Озборн за “Хелоу“ магазинот.
Брзо откако почина нејзиниот татко, во 1992 година, на Оливија Њутн-Џон и беше дијагностициран рак на дојка на 44 години. По делумната мастектомија на градите, ѕвездата на филмот „Брилијантин “ , на нејзината веб-страницата таа објави дека е здрава.
Откако и открија рак на дојка во 2008 година, актерката Кристина Апелгејт прво направи лумпектомија, (остранување на карцином од дојката). Подоцна, кога дозна дека и таа, како и Анџелина Џоли е носител на мутацијата на BRCA1, таа ги отстрани двете гради во двојна мастектомија. Својата приказна, таа ја раскажа во шоуто на Опра. „Тоа може да биде многу болно ", рече таа." Тоа е еден дел од вас што веќе го нема, и исто како да си загубил драга личност, мораш да поминеш низ процес на тагување“.
Подготви: Милица Џаровска