Кевин Костнер се разведува по 18 години брак и три деца: Ова е причината поради која го остава сопругата

Фото: Profimedia

Сопругата на Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер поднесе барање за развод по 18 години брак со холивудскиот актер и трите заеднички деца. Таа изјавила дека разделбата се должи на „непомирливи разлики“, а побарала и заедничко старателство над децата – Кајден (15), Хејс (14) и Грејс (12). Костнер поднесе барање за развод во вторникот и исто така бара заедничко старателство.

Да потсетиме, славниот 68-годишник и 19 години помладата Кристин, модел и моден дизајнер, почнаа да се забавуваат во 1999-та година, а се венчаа на „Kevin's Ranch Costner's Aspen“ во Колорадо во 2004-та година, пренесува „Daily Mail“.

Фото: Profimedia


„Се случија околности надвор од негова контрола што резултираа со тоа што господин Костнер мораше да учествува во постапката за развод. Тој е многу тажен поради тоа. Молиме да ја почитувате нивната приватност.“- пишува во изјавата на претставникот на Костнер.

Убавата 49-годишна дама не барала алиментација, но ќе ѝ биде платена согласно условите од предбрачниот договор.

Да потсетиме, ова е втор брак на Костнер, од 1978-ма до 1994-та година беше во брак со Синди Силва, а со неа имаше три деца - Ени (39), Лили (36) и Џо (35). Тој има уште еден син, Лиам, кој го доби додека се забавуваше со Бриџит Руни.

Извор: zena.blic.rs