„ Не сум човек зашто ја молев да оди на лечење?“: Поранешниот менаџер на Ана Николиќ повторно објави приватно видео со експлицитна содржина (ВИДЕО)
Саша Мирковиќ,
поранешниот менаџер на Ана Николиќ, пред неколку дена на страницата на неговата
телевизија на Тик Ток објави видео кое Ана Николиќ му го испратила приватно, а
на кое се гледа дека нејзиното лице е цело со кратери. Мирковиќ денеска објави
и уште едно видео на кое Ана повторно седи на задното седиште и покажува шише
сок.
Меѓутоа, во описот на видеото пишува дека шишето што го носи Ана е сок од вотка:
- Ана Николиќ со својот џус вод**. Не знае каде се наоѓа... стои во описот на новото видео кое е објавено на Тик Ток профилот на телевизијата на Мирковиќ.
На видеото може да се види Ана како седи на задното седиште во автомобилот додека се смешка и разговара со возачот и сопатникот.
Инаку Ана во неделата му се јавила на Мирковиќ дека не е човек и дека и ја украл лозинката од Инстаграм, а после тоа на меил се појави шокантно видео на кое се гледаат раните на челото и носот:
- Ова е човек кој мисли дека јас сум неговиот Аца Лукаа, или други на кои им се заканува и заплашува и слично. Лично ми ја украде лозинката од Инстаграм, манипулираше до пред некој ден. Ова е навистина ниско. Сиромашни и бедни! - напиша Ана.
Набргу потоа се огласи Саша Мирковиќ и истакна дека побарал од неа да замине на лекување од завистностите но таа не го испочитувала. Дополнително, Мирковиќ изјави дека шест месеци ја поддржувал пејачката и дал се од себе за нејзината кариера, но не можел повеќе да се бори.
- Не сум човек затоа што ја замолив да престане да пие алкохол и да се дрогира. Не сум човек затоа што ја замолив да оди на лекување. Не сум човек затоа што ја поддржував шест месеци. Не сум човек затоа што ја замолив сериозно да работи на концертите и да доаѓа на време. Не сум човек затоа што ѝ резервирав белградска „Арена“ - изјави тогаш Мирковиќ.
Фото:AnanNikolik/Instagram/Screenshot