„Секој нека си го носи својот товар, јас неговиот нема“: Вака Синан Сакиќ зборуваше за синот кој го уби најдобриот другар
Синан Сакиќ во текот на животот имаше само една голема исповед за својот син Рашид Сакиќ. Во споменатото интервју од 2017 година, Синан призна, како што секогаш искрено зборуваше за се, дека само еднаш го посетил Рашид во затвор. Тешко му беше што неговиот син беше осуден на 12 години за убиството на Драгољуб Деспотовиќ во Лозница во мај 2002 година.
Вдовицата на Синан, Сабина, исто така поднесе кривична пријава против Рашид, откако претходно го пријавила поради наводните закани што Рашид и ги упатувал.
Тој во затворот му рекол на синот дека ќе му испрати што треба, но дека нема да дојде повеќе.
- Тој доби 4 куршуми во грб, пукаше за да се одбрани. Никој жив не го спомна тоа во животот! Никој жив, никогаш...и четири куршуми испукани во грб. И до денес тој наркоман кој се опоравува од хероин шета по улица, а јас го сакав тоа дете исто како и тој. Се купував за него. Тоа се деца кои спиеле заедно, ниту една секунда не можеле едно без друг – ја започнал приказната Синан, објаснувајќи како дошло до пукањето.
Синан не отишол во болница за синот. А во затвро само еднаш.
- Не отидов во болница, а не отидов затоа што ми беше жал. Ми беше жал затоа што спиеја заедно, не можеа да живеат еден без друг... Како можеше да се случи ова? Само еднаш во животот отидов во затвор за него, само еднаш! Му реков: "Знаеш колку те сакав тебе и него, секој нека си го носи својот товар, а јас нема дс го носам твојот. Ако ти треба нешто, ќе ти дадам, ќе ти го испратам, но јас повеќе нема да доаѓам“ – рече тој во емисијата „Голи живот“.
Фото: DRAGANA UDOVIČIĆ/ZORANA JEVTIĆ