Стил на денот: Дуња Јованиќ на настан без панталони, модно издание во кое ја видовме и Кјара Ферањи

Добивај вести на Viber

На доделувањето на MAC наградите, сите погледи беа вперени во најпозната српска инфлуенсерка, Дуња Јованиќ

Регионалните ѕвезди специјално се подготвија за доделувањето на престижните MAC награди и по тој повод привлекоа големо внимание со својот стајлинг.

Црната боја доминираше на црвениот тепих, а инфлуенсерката Дуња Јованиќ дефинитивно привлече најголемо внимание од сите присутни.

Она што ја издвојуваше од останатите е нејзиниот специфичен моден избор. Не бирала фустани, комбинезони, костуми, туку нешто што личи на трико. Имено, тоа е тесен, многу краток шорц и топ со додадени пердуви.

View this post on Instagram

A post shared by Dunja Jovanic (@imfashionbabe)


На сè додаде проѕирни црни чорапи, црвени салонки и масивен златен ѓердан.

Ја крена косата во високо коњско опавче, што на целата комбинација ѝ даде посебна доза на елеганција. 

Во многу слично издание пред некој ден ја видовме најпознатата светска инфлуенсерка, Италијанката Кјара Ферањи, на модната недела во Париз.

View this post on Instagram

A post shared by (@chiaraferragni)