Тања Панделеска е меѓу најуспешните млади менаџери во Европа

Добивај вести на Viber

Маркетинг директорката на Пелистерка, Тања Панделеска беше одбрана за една од 40 најуспешни млади менаџери под 40 години, прогласени на годинешната Global Top Brand Award. На церемонијата Business Elite’s „40 under 40“која што се случи во Амстердам, Панделеска беше во друштво на млади, успешни и перспективни млади лидери, чии приказни служат за инспирација.

„Драго ми е што сум дел од ова убаво друштво. Организацијата беше неверојатна, му благодарам на Регионалниот директор Виктор Ѓорѓиески за селекцијата и можноста на едно место да собере визионери кога станува збор за бизнисот и развојот на секој еден од нас, без разлика дали доаѓаме од мала и успешна компанија или голем и сериозно разработен бизнис“ – вели Тања Панделеска.

Признанијата на најуспешните млади лидериод 10 земји од Источна Европа, беа додели во грандиозната Huis Bartolotti во Амстердам.

Ова не е прво признание за Тања Панделеска. Од една страна како Маркетинг директор на најпродаваната македонска вода Пелистерка, но од друга како Претседател на Скопски Маратон и голем поддржувач на сите спортски настани во Македонија, но и помагател на хуманитарни организации, здруженија, иницијативи за подобро општество, Панделеска досега во своето портфолио веќе ги смести и престижната спортска награда „13 Ноември“ која што ја доделува Сојуз на спортови на град Скопје, наградата Стори за иновативност и хуманост, наградата од Бекстејџ за најиновативен домашен маркетинг и многу други.

„Навистина ми значи и ова признание. Но многу повеќе од статуетката, ми значат контактите со останатите млади лидери и запознавањето со нивните успешни бизнис приказни. После оваа манифестација, скоро сигурна сум дека без оглед на се, иднината на Република Македонија е во добри раце. Навистина имаме успешни и инспиративни млади лидери кои што допрва ќе пишуваат успешни приказни“ – изјави Тања Панделеска.