Совршени луѓе, секако, не постојат. Но кога се заљубиме, ни изгледа дека тој човек е најпрекрасен на светот.
Сепак, со времето може да се јават сомневања, дали сме го избрале вистинскиот животен сопатник?
Еве неколку предлози да ја решите таа дилема и да дознаете какви особини поседува беспрекорниот сопруг.
Не се плаши од тешкотии и ги решава проблемите
Вистински маж-тоа не се само вообичаено убави зборови, туку и одлучни постапки. Тој е во тешки моменти секогаш подготвен да го подметне своето силно машко рамо.
Способен е сам да подготви вечера
(И да при таа прилика да не ги употреби сите садови во куќата) . Мажот кој изгледа машки, а притоа умее и да готви, е идеален. Така мислат денешните жени. Дури и едноставно да одлучи да исчисти дина и убаво ја сервира на тацна.
Секогаш ве поддржува, дури и ако сте направиле голема грешка
Сите ние грешиме, но и кога тоа се случи вашата половина треба секогаш да биде на ваша страна. Дури и кога не сте во право. Наместо да ве прекорува, тој ќе ви пружи поддршка.
Посветува внимание на ситници
Тоа не значи дека мажот мора да го знае секој детаљ од вашиот живот или да памти каов фустан и чевли сте носеле на првиот состанок. Но знатоа знае колку шеќер да ви стави во чај, или која песна да ја пушти на радио, бидејќи ви се допаѓа.
Тој не е само паметен, туку е и мудар
Нема дилема дека е корисно да имате покрај себе човек кој ги знае принципите на нуклеарна физика, но уште поважно е ако знаете дека покрај вас е некој кој умее да најде излез од секојдневните ситуации. Ако мажот умее да ви даде практичен совет, кога да речеме се карате со вашата мајка, тогаш сте имале среќа.
Знае како да ве расположи
Кога се чувствувате лошо, вашиот маж знае како да ве врати во вообичаен рутина, ќе се пошегува, ќе ве поддржи или ќе го направи токму тоа, што ќе ве натера да се чувствувате подобро.
Умее да се договори и да најде компромис
Со полиција, со водоинсталатери, и расплачени жени, и се тоа без закани и подмитувања. Дури и со досадниот сосед од осми кат.
Не заборава на вашите проблеми штом излезе од дома
Обично на мажите им е тешко да се сконцентрираат на неколку работи истовремено, но саканиот човек нема да ги турка вашите проблеми под тепих, со наслов „ќе размислам за тоа утре“.
Важно му е вашето мислење
Сопружниците мора да си бидат еден на друг не само цимери, туку и верни советници. Не, не говориме за тоа дека саканиот треба да го држите „под папуча“. Важно е да умеете заедно да донесувате одлуки.
Ви помага во домашните работи
Ако вашиот маж ве цени и почитува, тој од вас нема да прави домаќинка. Свесен и дека и вие се уморувате од работа и затоа секогаш ви помага да го уредите домот, доколку тоа го замолите.
Секако, секој човек има свој идеал на друга половина. И секој има свои сопствени знаци, по кои го избира својот животен сопатник.
Важно е само да се најде некој кој секогаш ќе ве става на прво место, и кој секогаш ќе биде приоритет за вас. Тоа е и клучот на идеалниот брак.