10 ПРИЧИНИ ЗОШТО НОВИОТ МАКЕДОНСКИ ФИЛМ СТЕЛА Е ПОТРЕБЕН ТОКМУ СЕГА!

Добивај вести на Viber

Се наближува премиерата на првиот македонски детски филм СТЕЛА, на режисерот Стојан Вујичиќ и продуцентот Огнен Антов,  кој воедно  е и првиот македонски ЕКО филм.

Работен од врвна филмска и актерска екипа, филмот, им пркоси на времињата во кои постоиме и не носи назад кон семејството, вредностите и љубовта.

Приказната е за едно куче Шарпланинка со име Стела, едно дете – Никола и еден дедо. Откако детето Николa ќе проба да се самоубие заради “булинг” во училиштето, престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствена која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори. Дедото пак, кој избегал од луѓето да живее сам на бачилото, неволно ќе го прифати Никола за во текот на оваа авантура тие тројца да станат семејство бегајќи од своето вистинско семејство. Не знаејќи, со тоа ќе се доближат до она од што бегаат, но сега променети ќе можат да продолжат со животот или мирно да заминат од другата страна на вечноста.

Ви издвојуваме 10 добри причини зошто секој родител треба да го гледа новиот македонски семеен - детски филм СТЕЛА:

1. Стела е филм за заборавените семејни вредности , љубовта, мирот, ненасилството, правилното дејстување и вистината.

2. Стела е семеен прирачник за хармонијата во едно семејство.


3. “Булирањето” е нашето секојдневие кое што не сакаме да го прифатиме , а им се случува на децата, а ние како неми гледачи не реагираме и не преземаме ништо. Стела е филм и лекција истовремено.

4. Затоа што секое дете има своја ѕвезда, која не знае во која форма ќе му се пројави. Стела е филм за ѕвездата СТЕЛА.

5. Во секое семејство постои неразбирање во меѓусебните односи. Стела е филм кој покажува дека секогаш пречките можат да бидат надминати и работите да се направат подобри, за да завладее љубовта повторно.

6. Стела е филм за вербата, колку повеќе веруваме толку полесно нештата стануваат реалност.

7.  Понекогаш треба да се вратиме на корените, на почетокот на приказната , за да почнеме повторно од почеток. Стела е филм за нов почеток.

8. Стела е филм за истрајноста, доколку имате истрајност чекорејки по патеката неизбежно е на крајот да ја запознаете вашата ѕвезда.

9 Стела е филм низ кој Македонија ќе ја запознаете на поубав начин.

10. Стела е филм, кој можете да го погледнете сами, со семејството,  со пријателите , одново и одново и секогаш можете да откриете нов дел од себе.